Мобилна апликација

Од првиот ден на нашето постоење, најголемиот приоритет на НЛП Центарот е задоволни учесници на тренинзите, но и примената на научените знаења. Затоа во портфолиото додадовме уште една едукативна платформа – „edu720“.

Од сега на вашиот мобилен телефон, со помош на оваа апликација, можете да го обновувате и надоградувате наученото на НЛП тренинзите, да правите вежби и задачи потребни за ваше понатамошно усовршување во областа на невро-лингвистичкото програмирање.

На крајот на секој завршен модул на тренингот, преку апликацијата добивате серија на видео материјали и презентации кои служат да го проверите и интегрирате стекнатото знаење. За да можете да преминете на следно ниво, односно на наредните видео материјали, потребно е точно да одговорите на сите прашања. На тој начин се постигнува сто постотна сигурност дека сте го научиле она што било до сега на тренингот и спремни сте да навлезете во наредните модули.

Што ја прави „EDU720“ уникатна апликација и како истата функционира погледнете на следниот линк:

http://nlpcentar.com/nlp-na-dohvat-ruke-nova-mobilna-aplikacija/

 

НЛП Центар е агенција за консалтинг и менаџмент основана во 2008 година, а од јуни 2011 година работи во рамките на Атриа групацијата. Основна дејност и фокус на НЛП центар се отворените, меѓународно акредитирани НЛП тренинзи. Нашиот фокус е примената на НЛп во личниот и професионален развој.

Сенсум Тренинг и Коучинг е едукативна и консултантска компанија со мисија да овозможи на своите клиенти најдобри можни решенија од областа на развој на лидерство, професионален и личен развој. Ние користиме врвна методологија за лични и професионални промени како би ги подржале клиентите во развојните активности и влијание на тие активности врз деловното работење.  Преку партнерство со Атриа Гроуп СЕЕ на локалниот пазар носиме врвни интернационални лиценцирани програми за развој и консултанти.

Најави се за да ги добиваш најновите информации од Сенсум

Вашето име: *

Email адреса *

Согласност: *
Се согласувам да добивам известувања

Sharing is caring!

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Register

Create an Account
Create an Account Back to login/register
Skip to toolbar