Тим

Тренерски тим

Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг Центар. Покрај тоа што во компанијата се фокусира на развој на работењето, Зорица е ментор, тренер и коуч со богато професионално искуство.
Нејзиното досегашно искуство вклучува голем број на успешно реализирани тренинг и коучинг проекти со компании и индивидуалци. Области на нејзин интерес и експертиза се: коучинг (индивидуален, тимски коучинг), НЛП, развој на лидерство, влијателна комуникација, продажба, преговарање, харизма, претприемништво.
Пред да стане професионален тренер и коуч Зорица работеше на различни раководни продажни и развојни позиции. После речиси две децении искуство во деловниот свет и повеќе години во водење и развој на тимови, организирање на процеси, развој, менторство и коучинг на индивидуалци и тимови, дојде до сознанија дека успешното деловно работење и трајната лична трансформација бараат не само повеќе знаење, туку и промена на однесувањето која доаѓа од личниот развој и работа на сопствениот начин на размислување.
Магистрирала Менаџмент на човечки ресурси. Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер, Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси (според методологија на “Erickson Coaching International”), Коуч за женско лидерство (според методологија на Tara Mohr). Зорица е член на МАЧР и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси и активна во здрженија и прокети за развој на ЧР професијата и коучингот во Македонија.

Ана Салтирова Давидовски работи на позицијата Менаџер за Човечки ресурси во АМСМ. Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој „просечен“ поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап.
Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со NLP, по што се вклучи во првата група во Македонија за систематизирано изучување на NLP според стандардите на IANLP – International Association for NLP, понатамошната обука ја продолжи во Белград и се има стекнато со степен на NLP Тренер и Коуч. Активно се занимава со NLP од 2008 година. Исто така на оваа тема има напишано повеќе статии во печатени и дигитални списанија, блогови и портали.
Таа е магистер по Менаџмент на Човечки ресурси, а преку магистерската теза со наслов „Програмирање на самоактивноста за развој на личното мајсторство” за првпат го внесе NLP во академските трудови во Македонија. Автор е на детската книга „Благодарам“ преку која методологијата на НЛП ја доближи до најмалите. Исто така е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, член на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на Република Македонија и активна е на повеќе проекти за развој на ЧР во Македонија и промоција на професијата.

Коста Карпузовски 

Коста Карпузовски е тренер и менаџер со повеќе од 20 години искуство во коминукација, продажба и водење успешни тимови, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Последните 5 години предава на инспиративни и трансформациски работилници. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерските квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија. Искусен обучувач во областа на подготовка за јавен настап, водење состаноци и презентации. 

Тренерски тим на НЛП Центар

write your detail or leave blank

Пеџа Јовановиќ

Пеџа Јовановиќ е Сениор партнер во Atria Group. Неговата улога во компанијата е развој на меѓународен бизнис. Покрај тоа, тој е ментор, тренер и коуч со долгогодишно меѓународно искуство. Работи со компании и индивидуи од целиот свет (Србија, Чешка, Португалија, Германија, Полска, Индија, Сингапур, Бразил, Катар, Австрија, Бугарија …). Неговите области на експертиза се: коучинг, НЛП, развој на лидерство, ефективна комуникација, продажба и презентациски вештини. Досега, тој имаше можност да води неколку големи проекти за развој на лидерство и корпоративна култура за промени, како и голем број на различни програми за тренинг и коучинг.  Во неговата досегашна кариера, тој има повеќе од 1000 дена тренинг и повеќе од 2000 часа коучинг. Пред да стане професионален тренер и коуч, Пеџа има 10 годишно искуство на различни продажни позиции. Работел како претставник за продажба на американската компанија Arrow Electronics за Србија и Црна Гора, инженер за продажба на Vita Elko и регионален менаџер за продажба во Omron Electronics за Југоисточна Европа. Пеџа дипломирал електротехника на Катедрата за физичка електроника на Електротехничкиот факултет во Белград. Според него, структурата, упорноста и флексибилноста се најважните карактеристики во работата. Некои од титулите на Пеџа се: NLP Master Trainer (IN NLP), NLP Fellow Anner Trainer (IANLP), Master Coach Trainer (ICI), Professional Certified Coach (PCC) – ICF (International Coach Federation) (since 2010), ICF Mentor Coach, PCM Certified Trainer, Persona Global Master Consultant.

Сандра Савановиќ Стевановиќ

Сандра Савановиќ Стевановиќ е сертифициран мастер тренер на НЛП (IN NLP, Германија) и Fellow Member Trainer (IA NLP, Швајцарија). Таа е дипломиран економист и има завршено постдипломски студии за управување со процесот на транзиција и реконструкција, како и специјализирани студии за управување со иновации во мали и средни претпријатија. Веќе 19 години работи како тренер за деловни вештини и консултант за економски развој. Тој има неколку сертификати за тренер и коуч, од кои најзначајни се Интернационален тренер и коуч според CEFE методологијата (Келн, Германија), Интернационален сениор тренер (Хамбург, Германија), Сертифициран тренер Persona Global (Сан Франциско, САД), PCM тренер и коуч (Kroazi si Er, Франција и Нешвил, САД), овластен тренер на Ериксон (Ванкувер, Канада).

Во областа на тренингот, таа има развиено над 20 тренинг програми, има напишано и уредувано голем број прирачници од областа на развојот на претприемништво. Просечно, на годишно ниво  таа одржува околу 2.000 тренинг саати и 150 коучин саати. Сандра има работено во над 20 земји на 4 континенти и на нејзините тренинзи учествувале околу 50.000 луѓе. Во областа на консултациите, има работено со над 750 компании и 4.000 претприемачи на различни програми за обука, поддршка и развој. Таа е ментор во фондацијата Cherie Blair, како и на Форумот за иновации на Универзитетот Кембриџ за програмата ImagineIf. Има добиено награда од страна на Европската банка за обнова и развој (EBRD) како најдобар ментор за женско претприемништво во Југоисточна Европа.

Јосип Божњаковиќ

Јосип Божњаковиќ во последните 8 години се занимава со образование и обука. Тој е сертифициран НЛП мастер тренер. Покрај едукацијата од областа на  НЛП и комуникација, тој има завршено неколку обуки од областа на продажба, избор на вработени и маркетинг. Ги посетил сите програми за тренери во компанијата Persona Global. Јосип има 14 години професионално искуство во продажба, управување, избор на вработените и маркетинг. Исто така, работел и како консултант за развој на неколку мали и средни компании. Работел на повеќе проекти и управувал со буџети. Тој е автор на прирачник за работа во младинско образование. Јосип е дипломиран економист и работи во Atria Group SEE како тренер и координатор на продажната активност за регионот на Војводина.

Дарко Гајиќ

Дарко Гајиќ е сертифициран НЛП мастер тренер, сертифициран тренер во Persona Global, бизнис коуч на Ериксоновиот колеџ и Wingwave коуч, сертифициран од страна на Besser-Siegmund Институтот во Германија. Тој е дипломиран економист. Во последните 10 години Дарко работи како генерален директор на PC Центар, една од водечките ИТ компании на српскиот пазар. Надвор од неговата матична компанија, Дарко работи како тренер и коуч во Atria Group. Особено се занимава тренинзи во областа на деловните вештини, управување, поставување цели, комуникација. Досега има одржано обуки и тренерски сесии во некои од најголемите домашни компании  (VIP Mobile, S-Leasing, Duga Helios…).

Борко Кикиќ

Борко Кикиќ се занимава со НЛП од 2014 година и активно го користи за деловни и приватни цели. Тој користи НЛП  моделирање за да го унапреди тренингот и процесот на продажба. НЛП тренинзи држи од 2017 година. Поседува професионално искуство од 18 години, над 3 години во директна продажба, а потоа и во управување со човечки ресурси. Последниве 7 години активно се занимава со тренинзи. Смета дека е важно да се влезе во суштината, отколку да се држиме до формата. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Нови Сад.

Најави се за да ги добиваш најновите информации од Сенсум

Вашето име: *

Email адреса *

Согласност: *
Се согласувам да добивам известувања

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register