Тим

Тренерски тим

м-р Зорица Поповска е основач на Сенсум – Тренинг и Коучинг. Таа е коуч и бизнис консултант. Сертифициран НЛП Мастер Тренер, член на ANLP и NLP Global Standards Association. Таа е сертифициран MindsetMaps Coach, NLP Capital Coach, High Performance Team Coach (HPTC), Deep Coaching и Parent as a Coach – во Erickson Coaching International.

Таа поседува огромно искуство во водење тимови, организирање на процеси, развој и работа со луѓе. Главен интерес и фокус на нејзината работа се подршка на личниот развој, оптизмизирање и откривање на скриените потенцијали на поединците и тимовите, како и нивната извонредност во брзото и комплексно живеење.

Нејзиното досегашно искуство вклучува  голем број на успешно реализирани програми и обуки од доменот на личен и професионален развој, развој на лидерство, развој на таленти, продажба, преговарање, влијание и голем број на реализирани индивидуални и бизнис коучинг сесии.

Таа е одличен познавач на коучинг процесот ориентиран на цели и резултати, активен придонесувач за експанзија на психологијата ориентирана на решенија и НЛП. Како специјалист за човечки ресурси, таа ги промовира методите ориентирани на решенија за различни видови на корпоративни ангажмани, правејќи ги алатките ефективни и лесни за лидерите и менаџерите.

Пред да стане професионален тренер и коуч Зорица работеше како Директор на Секторот за продажба и развој во водечка осигурителна компанија на пазарот за животно осигурување.

После речиси две децении искуство во деловниот свет и повеќе години во водење и развој на тимови, организирање на процеси, развој, менторство и коучинг на индивидуалци и тимови, таа дојде до сознанија дека успешното деловно работење и трајната лична трансформација бараат не само повеќе знаење, туку и промена на однесувањето која доаѓа од личниот развој и работа на сопствениот начин на размислување.

Ана Салтирова Давидовски работи на позицијата Менаџер за Човечки ресурси во АМСМ. Од 2005 активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини. Нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој „просечен“ поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Фокусот и професионалниот предизвик за неа се наоѓа некаде помеѓу теоријата и практиката, имплементирање и адаптирање на успешните практики, за поотворено и побрзо справување со промените притоа застапувајќи го холистичкиот пристап.
Потрагата по истото ја има однесено до запознавање со NLP, по што се вклучи во првата група во Македонија за систематизирано изучување на NLP според стандардите на IANLP – International Association for NLP, понатамошната обука ја продолжи во Белград и се има стекнато со степен на NLP Тренер и Коуч. Активно се занимава со NLP од 2008 година. Исто така на оваа тема има напишано повеќе статии во печатени и дигитални списанија, блогови и портали.
Таа е магистер по Менаџмент на Човечки ресурси, а преку магистерската теза со наслов „Програмирање на самоактивноста за развој на личното мајсторство” за првпат го внесе NLP во академските трудови во Македонија. Автор е на детската книга „Благодарам“ преку која методологијата на НЛП ја доближи до најмалите. Исто така е член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси, член на Техничкиот комитет ТК 42 за HR стандарди под Институтот за стандардизација на Република Македонија и активна е на повеќе проекти за развој на ЧР во Македонија и промоција на професијата.

Коста Карпузовски 

Коста Карпузовски е тренер и менаџер со повеќе од 20 години искуство во коминукација, продажба и водење успешни тимови, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Последните 5 години предава на инспиративни и трансформациски работилници. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерските квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија. Искусен обучувач во областа на подготовка за јавен настап, водење состаноци и презентации. 

Најавете се за да ги добивате најновите информации од Сенсум

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register