Автентично женско лидерство

“МОЖЕБИ НЕКОГАШ ЌЕ ДОЈДАТ И ПОДОБРИ ВРЕМИЊА, НО САМО ОВА ВРЕМЕ Е НАШЕ” – Jean-Paul Sartre

“АВТЕНТИЧНО ЖЕНСКО ЛИДЕРСТВО” претставува програма која Ви нуди клуч за ослободување на Вашите талентиВашиот потенцијал и Вашата моќ да направите разлика. Програмата изобилува со практични акциски чекори и стратегии кои движат кон лична исполнетост.

Делува како одличен катализатор за секоја жена која сака да излезе од својата комфорна зона, да го најде својот глас и да ги прегрне можностите на својот живот.

ЗОШТО ОВАА ПРОГРАМА?

Затоа што поголем дел од жените не ја знаат својата брилијантност.

Сигурни се дека “не се подготвени” за нивната следна поголема улога. Преовладува размислувањето околу начините за кои “не се квалификувани” отколку за тоа дека се квалификувани. Чекаат на некого да ги валидира, промовира или открие.

Ви звучи познато зар не?

Празнината помеѓу вистинскиот потенцијал на жените и како тие се гледаат и доживуваат  – таа зона е зона на просечност, зона на мал живот…

Оваа програма ја премостува празнината помеѓу она што ние го гледаме во вас и она што вие го знаете за себе.

“Автентично Женско Лидерство” е за Вас доколку:

  • – Сакате да извршите поголемо влијание преку вашата работа.
  • – Чувствувате копнеж да почнете нешто, но се чувствувате исплашено или несигурно околу следните чекори.
  • – Сакате да се чувствувате помалку оптеретени од стравот и сомнежот во себе.
  • – Сакате да направите поголема позитивна разлика во вашиот домен на делување, но се чувствувате како нешто да ве задржува назад и ве спречува да превземате чекори и акции.

ДОКОЛКУ СЕ КРИЕВТЕ ДОСЕГА, ТОА Е ВО РЕД.

Повеќето од нас не се охрабруваме природно, поттикнати сами од себе, без никаква подршка. Нашето досегашно искуство покажува дека ни се потребни алатки, подршка, тренинг – процес кој ни помага на тој пат.

Оваа програма ги носи заедно алатките кои се препознаени како најтрансформирачки во зајакнување на жените. Ќе научите моќни и ефикасни практики кои креираат вистински резултати.

Што може да очекувате после “АВТЕНТИЧНО ЖЕНСКО ЛИДЕРСТВО”?

  • – Да превземете похрабра акција и да дојдете до повеќе луѓе со вашата работа
  • – Ќе се чувствувате многу посамоуверено во се што правите
  • – Ќе ги зголемите можностите за заработка
  • – Ќе престанете да се чувствувате премногу младо, премногу старо, или недоволен експерт за да го правите тоа што сакате да го правите
  • – Да пристапите до вашата внатрешна мудрост – внатрешен ментор – брзо и сигурно
  • – Да го изразите својот глас и да почнете да придонесувате на ваш уникатен начин
  • – Ќе се чувствувате помалку зависни од туѓите одобрувања – на работа и во вашиот приватен живот
  • – Ќе се справите со критицизмот кој доаѓа со правењето на важна и иновативна работа
  • – Ќе дознаете како да одржите долгорочна акција насочена кон вашите цели
  • – Ќе престанете да се намалувате себе си со сопствените зборови и ќе имате повеќе влијание и импакт кога ќе зборувате
  • – Ќе разберете како мудро да одговорите на стравот кој се појавува како што ќе превземате похрабри чекори

АВТЕНТИЧНО ЖЕНСКО ЛИДЕРСТВОе програма наменета за сите развојно фокусирани жени, за сите оние кои чувствуваат дека има, дека постои нешто повеќе од она што е моментално нивно секојдневие. Бенефит од програмата би имале и сите коучеви, терапевти, ментори, менаџери, ЧР менаџери, претприемачи но и за припадници на машкиот пол кои секојдневно ги подржуваат жените во нивниот личен и професионален развој.

ОВАА ТРИДНЕВНА ОБУКА ЌЕ ВЕ АНГАЖИРА НА ДВЕ НИВОА НА УЧЕЊЕ И ИСТРАЖУВАЊЕ.

ПРВО НИВО

ВАШЕТО ЛИЧНО ПАТУВАЊЕ

Ќе го искусите патувањето на Вашата игра и ќе се стекнете со алатки за себе. Ќе откриете која е вашата игра во оваа фаза на вашиот живот и кариера, ќе научите како да го стишите внатрешниот критичар, ќе го откриете внатрешниот ментор, ќе се ослободите од пофалбите и критиките, ќе ги унапредите вашите преговарачки способности и ќе ја унапредите вашата професионална комуникација.

 

ВТОРО НИВО

ЌЕ ГИ ПОДРЖИТЕ ДРУГИТЕ НА ПАТОТ НА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА НИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ

Преку алатките со кои ќе се стекнете ќе можете подобро да ги подржите другите – без оглед дали се тоа вашите клиенти или членови на вашиот тим. Ќе развиете вештини кои ќе ви овозможат да им донесете поголема вредност, да искусите поголема смисла во вашата работа и да направите разлика со вашиот бизнис и лидерски стил.

 

Ова е програма преку која жените ќе разберат зошто и како се кријат, но и да ја откријат начини за креативно изразување на сопствениот вроден потенцијал.

 

Оваа програма е креирана според програмата на Тара Мор (www.taramohr.com) – експерт за женско лидерство и благосостојба и ја водат сертифицирани обучувачи за возрасни и професионални коучеви, обучени за реализирање на содржината за “АВТЕНТИЧНО ЖЕНСКО ЛИДЕРСТВО”.

Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг Центар. Покрај тоа што во компанијата се фокусира на развој на работењето, Зорица е ментор, тренер и коуч со богато професионално искуство.
Нејзиното досегашно искуство вклучува голем број на успешно реализирани тренинг и коучинг проекти со компании и индивидуалци. Области на нејзин интерес и експертиза се: коучинг (индивидуален, тимски коучинг), НЛП, развој на лидерство, влијателна комуникација, продажба, преговарање, харизма, претприемништво.
Пред да стане професионален тренер и коуч Зорица работеше на различни раководни продажни и развојни позиции. После речиси две децении искуство во деловниот свет и повеќе години во водење и развој на тимови, организирање на процеси, развој, менторство и коучинг на индивидуалци и тимови, дојде до сознанија дека успешното деловно работење и трајната лична трансформација бараат не само повеќе знаење, туку и промена на однесувањето која доаѓа од личниот развој и работа на сопствениот начин на размислување.
Магистрирала Менаџмент на човечки ресурси. Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер, Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси (според методологија на “Erickson Coaching International”), Коуч за женско лидерство (според методологија на Tara Mohr). Зорица е член на МАЧР и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси и активна во здрженија и прокети за развој на ЧР професијата и коучингот во Македонија.

Обуката се одвива во пријатен простор, во комбинација со вежби, кафе паузи и закуска. Секој учесник на крајот на програмата добива: сертификат за учество, работни материјали и една дополнителна индивидуална коучинг сесија во друг термин.

Дополнителни информации можете да ги добиете и на телефон 02/3099 919 и 070/551 133 или на info@sensum.mk и zorica.popovska@sensum.mk.

Најави се за да ги добиваш најновите информации од Сенсум

Вашето име: *

Email адреса *

Согласност: *
Се согласувам да добивам известувања

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register