Важноста на личниот развој

Важноста на личниот развој

Личен развоj

Никогаш нема да го заборавам советот што ми беше даден многу порано во мојата кариера – “Ние сме одговорни за нашиот личен развој; Никој друг не може да го стори тоа за тебе.”

Други луѓе можат да придонесат во процесот, но од нас зависи  да бидеме сигурни дека растеме, учиме и стануваме подобри секој ден. Наша одговорност е да бараме ресурси, да поставуваме прашања и да најдеме инспирација.

Може да имате можност да присуствувате на обуки во текот на целата година, (што е добро за вас), но развојот е повеќе од само добро присуство. Вистински знаеме само кога го користиме и го применуваме она што го учиме.

Можеби сте ја слушнале изреката: “Облечете се за работата што ја сакате, а не за онаа што ја имате”. Истото се однесува и на личниот развој. Замислете ја личноста каква што сакате да бидете, а потоа почнете да се однесувате како таа личност.

Пред повеќе од две години водев развојни иницијативи за тимот на една компанија. Сепак имаше една личност која не беше дел од оваа развојна програма. И покрај тоа, сигурна сум дека личноста  имаше други можности за развој: програмите за менторство еден-на-еден, програмите за развој на лидерството, денови за градење на тим, конференции и сл.  А сепак, никогаш не ги користел и ги одржувал своите лоши навики. Често се жалел на можностите што им се дадени на другите, укажувал на тоа дека тој е повеќе заслужен, но никој не му дава шанса. Вистината беше дека не му даваат шанса, бидејќи неговите постапки речиси никогаш не се совпаѓаат со неговите зборови.

Притисокот околу носење одлуки за промена најмногу го чувствуваме со почеток на секоја нова година, но ве охрабрувам да го направите професионалниот развој еден од вашите приоритети во било кој дел од годината. Личниот развој е еквивалент на развојот на карактерот во сечиј живот.

Добрата вест е што не мора да преземете огромен план за развој во вашиот живот.  Посветување на само една област на раст или нова акција може да ви помогне да се придвижете кон личноста која сакате да бидете. Еве неколку идеи кои ќе ви помогнат да започнете со планирање на личен развој:

Размислете за навиките и акциите

Ова не е ништо ново. Размислете за следново. Вие во моментов наспроти вие во вашето најдобро издание. На кој начин се слични и на кој начин се различни? Во кои области од животот можете да учите и да растете повеќе? Дали има некои области каде што сте престанале да учите? Како изгледа да бидете постојан ученик – и правите ли нешто што можеби ве попречува и ве одвлекува од таа намера? Размислете за личност (или луѓе) на која и се восхитувате. Кои дневни навики може да ги имитирате?

На ист начин како што повеќето организации имаат свои основни вредности, размислете за вашите сопствени основни вредности. Тие ќе ви помогнат да бидете автентични и повеќе во согласност со себе си. Тие ќе бидат ваши водачи.

Поврзете се со ресурси надвор од себе

Некаде прочитав дека личноста која сме денес е иста како личноста која ќе бидеме 10 години од сега, со разлика која ќе ја направат книгите кои ги читаме и луѓето со кои комуницираме. Размислете за областите од кои собирате мудрост. Растот се зајакнува кога сме поврзани со ресурси надвор од нас самите. Покрај личните, потребни ни се надворешни извори на мотивација, идеи и повратни информации за да растеме. Доколку не сме изложени на нови идеи или охрабрувања тогаш остануваме во зоната на стагнација.

Интеракцијата со други ги поттикнува амбициите и нè поврзува со други знаења и увиди кои го прошируваат нашиот свет. Направете време за читање и развој. Наоѓање нешто што сакате да го научите и посветување време на тоа е инвестиција во нешто што секогаш ќе ви се врати.

Направете план

Неодамна прочитав една статија посветена на одлуките. Еден од советите се однесуваше на правење план.  “Колку повеќе ја сакате вашата цел, толку помалку веројатно ќе планирате за тоа …” ние имаме тенденција да мислиме дека добрата намера е доволна, но вистинскиот план го спречува одложувањето”.

Напишете ги целите, бидете детални и специфични и определете временски рамки.

Не сакате да запишете детален план?

Забавен и креативен начин за оваа цел се визионерските табли – колаж на слики кои ги отсликуваат најважните елементи на вашата визија. Разговарајте со некого за тоа. Поставете потсетници за себе, така што дури и ако го изгубите фокусот привремено, можете да бидете повторно усогласени со оригиналната цел.

Постојаниот раст и развој може да значи одење по непријатен пат одвреме-навреме, но секако е подобро од одење по патот на кој останувате исти.

Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг Центар. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни од страна на Центарот за образование на возрасни, Сертифициран NLP Тренер според IANLP i IN стандардите, Сертифициран NLP Capital Coach според ABNLP стандардите, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со Високи Перформанси (HPTC – според методологија на “Erickson Coaching International”). Значајните НЛП модули ги стекна со меѓународно признати тренери. Работи развојни тренинг и коучинг активности со индивидуалци и компании во насока на развој, оптимизирање и откривање на скриените потенцијали на поединците и тимовите, како и нивната извонредност во брзото и комплексно живеење.

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register