“НЛП на работа – Задолжителна состојка на успехот”

 “НЛП на работа – Задолжителна состојка на успехот”

Сенсум Тренинг и Коучинг Ве поканува на наредната работилница на тема: „НЛП на работа – Задолжителна состојка на успехот“ која ќе се одржи во конференциската сала во „Public Room“ (на ул.50 Дивизија 22, Скопје) во среда на 10-ти октомври во 17 часот.

Бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место!

 За повеќе информации исконтактирајте не на:
info@sensum.mk
или на телефонскиот број:
+389 70 551 133

Што е она што ги дефинира врвните менаџери и лидери? Покрај знаењето и искуството, фокусот на еден менаџер мора да биде на неговиот личен развој. Од него се очекува брзо и ефикасно да носи одлуки, но истовремено да ја извршува својата работа и да ги менаџира вработените. Комуникациски вештини, влијателно и ефективно преговарање, делигирање, следење, организираност, мотивација, ориентираност кон решенија и цели – сите овие вештини се неопходни за успешен менаџмент и успешно водство.

 

Една од главните цели на НЛП методологијата е подобрување на работењето во организацијата и поефективна комуникација. НЛП има широка примена во сите сегменти на животот, а целта на оваа кратка работилница е да ги запознае учесниците со НЛП како највлијателен и врвен комуникациски модел ширум светот.

 

На оваа работилница, ќе посветиме внимание на следното:

–              Што е тоа што прави разлика меѓу просечните и врвните менаџери?

–              Како да се запознаете себеси?

–              Како личните визии и цели управуваат со нашите професионални успеси?

–              Како да делигирате задачи?

–              Кои вредности и уверувања ги користиме при работа со вработените?

–              Како ефикасно да согледате проблем и правилно да го решите.

 

Токму НЛП ни дава можност да бидеме врвни во она што го правиме. Примена на НЛП алатките, кои ќе ги научите на работилницата, ќе ви помогне успешно да се носите во различни ситуации со кои се соочувате во рамки на улогите кои ги имате.

Ова интерактивно предавање ќе Ве запознае со техниките на највлијателните луѓе на денешницата, како врвните менаџери, лидери и високо продуктивни индивидуалци.

Доколку сакате да дознаете повеќе за НЛП методологијата која ја користат милиони луѓе ширум светот за секојдневно постигнување на успех, придружете ни се на бесплатната работилница која ќе се одржи на 10.10.2018 год во „Public Room“и на која ќе имате прилика да слушнете повеќе за НЛП, но и да научите конкретни алатки кои можете веднаш да ги примените.

Работилницата е бесплатна, се наплаќа само влез во „Public Room“ – 150 денари со вклучена консумација

 

Агенда:

17:00 – 17:15 Регистрација на учесниците

17:15 – 19:00 Работилница на тема: „НЛП на работа – Задолжителна состојка на успехот“

Уписите за новата генерација на  “NLP Practitioner” се во тек. За повеќе информации обратете се на горенаведените контакти, а ние со задоволство ќе одговориме на сите Ваши прашања.

На самата едукација “NLP Practitioner” во светот на НЛП – то ќе ве воведат НЛП Мастер Тренери на НЛП Центар, Атриа Гроуп СЕЕ Белград.

Работилницата ќе ја води Зорица Поповска.

Личниот и професионален развој се домени на нејзината експертиза, страст и креација.

Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер,  Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси (според методологија на Erickson Coaching International)

Како да се подготвите и да се пријавите?

Постојат два услови:

  • Бидете спремни да учите
  • Одвојте 2 часа за себе

Доколку ги исполнувате наведените услови – пријавете се!

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register