Често поставувани прашања

Најверојатно имате многу прашања во врска со самиот поим НЛП и НЛП обуките.

Овде можете да ги погледнете најчесто поставуваните прашања и одговорите за истите, а за повеќе информации и дополнителни прашања слободно можете да не контактирате на info@sensum.mk или на тел. 02 3099-919 / 070 551 133

Зошто е важно да посетам сертифициран НЛП – тренинг?

Доколку сакате да се занимавате со НЛП или да го покажете својот сертификат, било каде во светот, дека имате искуство и доказ кој ќе упати на вашиот квалитет и стручност, тогаш треба да поминете сертифициран тренинг. НЛП – тренинзите се сертификирани од страна на меѓународната асоцијација NLP Global Standards, Канада.

Колку трае НЛП едукација?

Тренингот NLP Practitioner е во времетраење од 18 дена распределени во неколку месеци и содржи вкупно 144-сет часа или вкупно  седум модули тренинг и еден сертификација. Првиот модул трае два дена, а останатите шест по два и пол дена – петок попладне кога се одржуваат вежби и викендот кога се одржува тренингот.

Дали можам да надокнадам некој модул доколку не сум во можност да учествувам?

Еден од условите за добивање на сертификат е учество на сите модули. Доколку сте пропуштиле некој модул, постои можност да се надомести со наредната група.

Што опфаќа НЛП сертификација?

НЛП Сертификацијата опфаќа:

  • Посета на сите модули
  • Пополнети задачи на e-learning платформата и
  • Писмен осврт на вашата примена на НЛП

Што е вклучено во цената за НЛП тренинг?

  • 18-сет дена тренинг
  • Скрипти, дополнителни материјали
  • E-learning платформа
  • Мобилна апликација
  • Константна достапност на тренерот
  • Сертификација

Дали морам целиот НЛП тренинг да го платам на рати?

Сенсум Ви нуди можност за плаќање на целокупниот сет на тренинг програми (вклучително и НЛП програмите) на рати преку користење на инстант кредиит во соработка со НЛБ Банка.

Најавете се за да ги добивате најновите информации од Сенсум

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register