Напреден систем за влијателна продажба

НАПРЕДЕН СИСТЕМ ЗА ВЛИЈАТЕЛНА ПРОДАЖБА

Специјално дизајнирана програма за воспоставување и зајакнување на клучните сили за успех во секој продажен домен:
– елементите на внатрешната игра на продажбата како и
– специфичните стратегии и техники неопходни за
– ефективно преговарање со потенцијалните клиенти

Програмата претставува хибриден модел од 10 чекори која е резултат на повеќегодишна работа и истражување, како и практична употреба на тактиките и стратегиите во реалното бизнис опкружување.

Креирана е за да создаде видни резултати и успех, при тоа носејќи ги индивидуалците и продажната сила на повисоко ниво.  Таа ги максимизира ефектите при процесот на преговарање или продажба како и можностите за успешно затварање на овој процес на високо етичко ниво.

За времетраење на едукативната програма нејзините учесници ќе се стекнат со правилно и ефективно користење на напредни, корисни и практични алатки, како и продажна технологија за одлична продажба, која ќе донесе раст на личните и продажните резултати.

 

Сите предавања се збогатени со бројни практични примери и вежби. Интензивно се користи синергијата на групната работа, а посебно внимание се посветува на индивидуализирано решавање на конкретни ситуациони примери на учесниците.

 

Во рамки на едукативната програма интензивно ќе работите на личниот раст и развој, ќе научите:

– како да управувате со себе, со своето време, со стресот,

– како да се бидете попродуктивни и

– како да ја искористите емоционалната интелигенција во продажбата, но и

– како да примените напредни НЛП вештини и техники.

НЛП (невро лингвистичко програмирање) претставува исклучително моќен двигател на промени кај индивидуалците. НЛП претставува збир на техники и алатки кои се посветени на учењето како да се размислува и комуницира ефективно со себе и другите, а во насока на реализирање на значителен напредок во личниот и професионалниот живот.

КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ НА ОВАА ПРОГРАМА? И ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ?

 

  • – напредни стратегии за комуникација и влијание врз себе си, како и моќни техники за влијателно пренесување на вашата порака
  • – нови тактики и вештини за постигнување подобри резултати, успех, слобода и исполнување на приватно и деловно поле
  • – основата врз која се градени стратегиите – начинот на размислување и психологијата на влијанието
  • – влијателни јазични модели кои ќе можете веднаш да ги примените во пракса
  • – техники за распознавање на различните профили на клиенти/соговорници
  • – како да поставувате јасни цели и насоки и како да се поврзете со својата лична визија
  • – брз и ефикасен начин да се поврзете/изградите “rapport” со соговорниците
  • – како да ја менаџирате својата лична состојба на начин да се чувствувате самоуверено
  • – како да се справите со предизвикувачки релации
  • – како да го управувате интерниот дијалог
  • – …

Оваа авторска програма со интегрирана НЛП методологија, низ 10 внимателно дизајнирани чекори ги учи индивидуалците, без оглед на нивната возраст, претходна едукација, или ниво на вештини, да постанат мајстори во продажбата, во преговорите, во претприемништвото.

КОЈА Е НАЈВАЖНАТА РАБОТА ВО БИЗНИСОТ (И ЖИВОТОТ)?

СОВЛАДУВАЊЕ НА ТАЈНИТЕ НА ВЛИЈАНИЕТО

Способноста да се влијае на етички начин, е најважната деловна и животна вештина која мора и може да се научи и усоврши. Со оваа програма зголемете го вашето влијание и способност ефективно да го продавате вашиот продукт или сервис… да ги затварате преговорите во вашиот деловен и приватен живот.. да се истакнете и издвоите, да бидете видени, да влијаете со вашата порака.. а правејќи го сето тоа го креирате вашиот најдобар живот.

 

Доколку сакате да бидете влијателни и ефективно да ја зголемите продажбата на продуктот, сервисот… или продажбата на самите себе, оваа програма е вистинска можност за вас.

Најави се за да ги добиваш најновите информации од Сенсум

Вашето име: *

Email адреса *

Согласност: *
Се согласувам да добивам известувања

Sharing is caring!

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Register

Create an Account
Create an Account Back to login/register
Skip to toolbar