NLP Practitioner

Сенсум Тренинг и Коучинг е едукативна и консултантска компанија со мисија да овозможи на своите клиенти најдобри можни решенија од областа на развој на лидерство, професионален и личен развој.

Ние им помагаме на индивидуите и организациите да ги подобрат своите животи и бизниси користејќи генеративни пристапи на работа одвнатре кон надвор. Овие пристапи се базираат на уникатните врвни пронајдоци во невронауката, НЛП и коучинг методологијата, користејќи модели од невронауката на промените. Ние имаме тим, искуство и стручно знаење да ве подржи во насока на креирање на зајакнувачка трајна промена на индивидуално, тимско и организациско ниво. Резултатот?

Вештините понудени на нашите курсеви можат да се применат низ различни професионални капацитети за подобрување на перформансите. Деловните луѓе, едукаторите, претприемачите, развојни индивидуи кои носат промени, сите ќе се стекнат со непроценливи вештини од нашите курсеви, како и секој чии активности вклучуваат работа со луѓе за повисоки нивоа на достигнувања.

Во корпоративен домен, нашите курсеви водат кон зголемен работен ангажман, поголема креативност, иновативност, продуктивност и ултимативно – подобрени бизнис резултати.

NLP Practitioner

Тренингот „NLP Practitioner” е еден од најзначајните чекори кои можете да ги направите на патот на вашиот личен развој, бидејки ви овозможува да ги интегрирате најефикасните НЛП алатки, да креирате лично искуство и да научите како да го примените НЛП во сите сегменти од живеењето. Фокусот на тренингот е на примената на НЛП алатките во остварување на професионалните и лични цели, во процесот на промена на однесувањето и во пренесувањето на саканата порака во комуникацијата.

Без оглед на тоа колку знаете за НЛП – овој тренинг ќе ви го смени погледот кон животот и ќе ви помогне да станете подобра верзија на себе. Процесите и вештините кои се обработуваат на тренингот можат да ви помогнат да препознаете – што е тоа што ги мотивира луѓето околу вас и како на најдобар начин да пренесете порака на соговорникот.

Како е организиран тренингот

Модули

Организиран во 7 Модули за најлесно да се пренесе знаењето

Дена

Вкупно 18-сет дена тренинг и вежби пред секој модул.

Часа

130-сет часа тренирање и вежби низ кои ќе донесете промена во вашиот личен и професионален живот

Содржина на тренингот

Модул 1 – Одберете успех

Првиот модул на тренингот ги опфаќа основните концепти на НЛП и одговорите на прашањето, што е тоа што до прави НЛП уметност и наука за успехот. Ќе научите кои се столбовите на успехот на кои е втемелен НЛП, но и ќе дознаете како фокусираноста на целта, моќта на запазување и флексибилноста водат кон побрзо и полесно постигнување на саканите резултати.

Модул 2 – Моќта на влијателната комуникација

Во овој модул ќе научите како јазичните обрасци да ви станат сојузниции и како на најефективен начин да ги инспирирате соговорниците. Ќе научите како успешно да ги примените Митоновите говорни обрасци и како да постигнете висок степен на усогласеност со деловните партнери, соработниците и клиентите. На овој модул ќе научите и за комуникацискиот НЛП модел како и за моделот за промена на нивото на апстракција (chunking). Фокусот на примена на сите овие алатки е во: преговарање, продажба, мотивација на вработените и при јавен настап.

Модул 3 – Говор на прецизност

Третиот модул оппфаќа комуникациски модели кои произлегуваат од работата на Вирџинија Сатир и Фриц Перлс ( Virdžinije Satir и Frica Perlsa ). Ќе научите како во секоја ситуација да го поставите најпрецизното прашање и како да се соочите со сопствените уверувања кои ви стојат на патот кон остварување на вашите цели. Комуникацискиот модел на НЛП и метамоделот ќе станат ваши сојузници и ќе ви помогнат да ја разберете длабинската структура на комуникацијата.

Модул 4 – Покренете промена

Промената е основа на растот и развојот и токму затоа централниот дел на тренингот е посветен на промените. На овој модул ќе научите основни НЛП техники кои можете да ги користите при работа на промени. Преку зајакнување на внатрешните пориви за посакуваниот резултат, ќе работиме на активирање на сопствените ресурси до постигнување на посакуваната состојба...

Покрај техниките за покренување промени ,на овој модул се обработуваат и основни метапрограми.Ќе анализираме на кој начин можеме да го прилагодиме стилот на презентирање, раководење или продажба – во зависност од  тоа кој е пред нас и како да ги мотивираме соработниците и оние на кои „чашата им е полна до половина“, но и оние кои ја гледаат „полупразна“.

Модул 5 – Задржете ја промената

Еден од најголемите предизвици при работење на промена е и одржувањето на посакуваната промена , што е можно подолго. Петтиот модул е посветен на  работа со субмодалитети и котви, делови од НЛП кои се клучни во генерирање на долгорочни промени.На овој модул ќе научите како во секоја ситуација да генерирате и да задржите состојба на високо користење на ресурси , но и како да го зајакнете емоционалниот однос кон ситуациите кои се за вас позитивни, а како да го намалите кога станува збор за негативни ситуации.

Модул 6 – Програмирање на целите

Шестиот модул е посветен на работа на проекти и долгорочни цели. На овој модул ќе научите како својот личен или деловен проект да го разглобите на засебни делови кои ќе ја зајакнат вашата мотивација, но и ќе опфатат и други луѓе кои се дел од вашиот систем. Низ концепт на работа на временска линија и примена на модели на невролингвистички нивоа, вашите проекти ќе добијат дополнителен сјај, а искуството креирано преку користење на овие модели ќе го подигне нивото на мотивација.

Модул 7 – Креирање на визија

Нашите цели, проекти и визии, по правило, вклучуваат и други луѓе. Често клучот на нашиот успех е поврзан со успехот на нашите соработници, клиенти или пријатели. Последниот модул на тренингот е посветен на примена на стратегијата за креативност во работата на проекти и во креирањето на лична визија. Покрај овие теми, на овој модул се навраќаме на целата материја од тренингот и ве подготвуваме за сертификација.

Модул 8 – Сертификација

Сенсум Тренинг и Коучинг е едукативна и консултантска компанија со мисија да овозможи на своите клиенти најдобри можни решенија од областа на лидерството, професионален и личен развој. Ние користиме врвна методологија за лични и професионални промени како би ги поддржале клиентите во развојните активности и влијание на тие активности врз деловното работење.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register