Партнери

Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците во повлијателни комуникатори, продавачи, преговарачи, да креираат самоуверени и ефикасни лидери и менаџери. Тренинзите се внимателно дизајнирани, со вградена НЛП (невро лингвистичко програмирање) методологија, збогатени со моќни техники а се со цел максимално зголемување на нивната ефикасност и импакт врз учесниците. Понудата на тренинг програмите е комбинирана со коучинг пристапот како најмоќна методологија за покренување на интерните процеси и ресурси и подобрување на перформансите на клиентот.

Внимателно дизајнираната понуда е збогатена и со лиценцирани програми во соработка со стратешкиот партнер Атриа Гроуп СЕЕ Белград кој е регионален застапник на програмите на Ериксон колеџ од Канада и НЛП Центар.

 

Коучинг програмите на Ериксон колеџ инкорпорираат врвно знаење од областа на коучингот и развојот на човечките ресурси кои се акредитирани согласно “Златниот стандард” пропишан од страна на ICF (International Coaching Federation). Програмите на Ериксон Колеџ во рамки на тридецениското постоење се посетени од над 40.000 индивидуи на глобално ниво.

 

НЛП Центар (дел од Атриа Груп), претставува еден од најголемите НЛП тренинг центри во регионот. Во своето продуктно портфолио опфаќа широка палета на тренинзи по Невролингвистичко програмирање (НЛП) кое претставува врвна методологија која има моќ да направи посакувани трансформации на индивидуално ниво.

 НЛП Центар има десетгодишнo искуство, две години по ред (2015 и 2016 година) се стекнува со престижната награда за национален шампион од страна на European Business Awards кое претставува јасна валидација за квалитетот на тренинг програмите и нивниот севкупен импект врз индивидуалците и бизнисите.

Огромното искуство со кое располага НЛП Центар е стекнато во рамки на повеќе од 1000 дена ефективен тренинг и преку 1000 задоволни учесници. Тимот го сочинуваат интернационално акредитирани НЛП тренери.

Тренинзите се акредитирани од страна на меѓународно призната НЛП асоцијација NLP Global Standards, Канада.

Сите материјали, демонстрации и предавања се наоѓаат на E-Learning платформа на која може да се пристапи во секое време од страна на учесниците (на ваков начин ја задржувате приликата постојано да се надградувате во рамки на стекнатото ниво на сертификација), а на располагање имате и специјално дизајнирана мобилна апликација на која за времетраење на тренинзите добивате специјално креирани НЛП содржини.

Тренинзите на НЛП Центар се одржуваат низ повеќе градови во регионот и пошироко, а во соработка со Сенсум од оваа година ќе се формираат учеснички групи и во Скопје.

Претплати се за да ги добиваш најновите информации од Сенсум

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register