Што е НЛП?

ШТО Е НЛП?

НЛП, три букви кои едноставно напишани немаат никакво значење. Дури и ако напишеме Невро – Лингвистичко Програмирање, нештата нема да станат појасни.

Многумина од нас, иако не слушнале за методологијата, во даден момент, не знаејки, ја употребиле во животот. Како да го објасниме овој поим и да укажеме на тоа дека тие три букви имаат своја тежина?

ШТО ИЗУЧУВА НЛП?

НЛП е најпознатиот комуникациски модел во светот, односно методологија која ја проучува комуникацијата со самиот себе со цел да се мотивираме и да ја постигнеме целта, но и да оствариме добра комуникација со луѓето околу нас. Оваа метода ни помага да најдеме начини за полесно да им пријдеме, да ги разбереме, направиме усогласување и да преминеме на следното ниво во преговорите, продажбата, влијанието и сл.

ШТО НИ ОВОЗМОЖУВА НЛП?

Освен за комуникацијата, НЛП ни дава знаења, методи, вештини и техники за постигнување на извонредност, успех, среќа и задоволство на личен и професионален план. До таа среќа не водат правилно поставени цели и промена во несаканото однесување кои покрај комуникацијата се најважен фокус на НЛП методологијата.

 

НЛП ЌЕ ДОПРИНЕСЕ ДА СТАНЕТЕ ПОДОБРА ВЕРЗИЈА НА СЕБЕ ТАКА ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ ДА:
– воспоставите подобра комуникација со соговорниците
– ги остварите сопствените цели
– се ослободите од несаканите однесувања
– го смалите нивото на стрес
– подобрите сопствената влијателност при комуникација со соговорниците
– забрзате сопствениот кариерен пат

Со НЛП ќе почувствувате личен раст, развој и желба да излезете од зоната на конфор. Тоа ќе биде Ваш сет алатки и вештини кој значително ќе го смени Вашиот начин на размислување, однесување и комуникација.

ЗА КРАЈ ДА ВИДИМЕ ШТО ЗНАЧАТ ТИЕ ТРИ БУКВИ – НЛП:

Невро се однесува на нашиот начин на размислување, односно на различни (свесни и несвесни) начини на обработка на информации кои доаѓаат од надворешниот свет. Нашето доживување на светот во кој живееме е само наше, субјективно доживување. НЛП се занимава токму со овие субјективни доживувања. Милион луге – милион различни доживувања. Дали денот е убав или лош, доминантно зависи од тоа како се чувствуваме тој ден, односно какво е нашето субјективно доживување. Често се случува и најтмурниот есенски ден да го доживееме како убав, доколку размислуваме за убави работи кои треба да се случат тој ден и обратно. Предизвикот е во тоа што многу често имаме чувство дека тоа наше субјективно доживување не е во наша контрола – дека доаѓа и си заминува сам од себе. Меѓу останатото, НЛП се занимава и со влијание на креирање на корисни субјективни доживувања во дадена ситуација.

Лингвистично се однесува на зборовите. Луѓето своите искуства (субјективни доживувања) ги опишуваат со зборови. Покрај опишувањето на искуствата, зборовите се и средство за перцепција. Кога ќе кажеме дека мајцата е темно сина, многу успешно можеме да ја замислиме бојата на мајцата. НЛП објаснува какво влијание имаат зборовите на нашиот начин на размислување, на промената на расположение како и на однесувањето.

Програмирање се однесува на нашите навики. Луѓето се суштества со навики. Некогаш тие навики се корисни и посакувани, а некогаш потполно недобредојдени. НЛП користи едноставни, но многу ефикасни методи за промена на начинот на размислување кои се во склад со нашите вредности и цели и резултираат со посакуваните промени во однесувањето.

Најави се за да ги добиваш најновите информации од Сенсум

Вашето име: *

Email адреса *

Согласност: *
Се согласувам да добивам известувања

Sharing is caring!

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Register

Create an Account
Create an Account Back to login/register
Skip to toolbar