Уметност и наука на коучингот

Уметност и наука на коучингот
THE ART AND SCIENCE OF COACHING

 

 

Уметност и наука на коучингот – премиум програма од продуктната палета на Ериксон колеџ која е наменета за сите оние кои се стремат кон стекнување на супериорно знаење за најефективната коучинг методологија на денешницата како професионални коучеви, професионалци од сферата на човечките ресурси, менаџери. Програмата се изведува во рамки на четири модули во вкупно траење од шеснаесет дена и претставува своевиден “Златен стандард” во коучинг сферата за што гарантира врвната акредитација од страна на ICF (International Coach Federation).

 

„Уметноста и науката на коучингот” e шеснаесет дневна коучинг програма на колеџот Ериксон. Aкредитирана одстрана  на  најголемата  светска  коучинг  асоцијација  ICF,  програмата  е  наменета  за   професионалните   коучи,   лидерите,   менаџерите   и   професионалците   кои   сакаат во портфолиото на своите вештини да ги приклучат и најефикасните коучинг техники.

Структурираниот пристап и фокусираноста на решение се моќни алатки кои ќе ви овозможат секој разговор да го доведете до јасната цел и мерлив резултат. Искусните коучи и ментори, од кои некои имале и повеќе години искуство во оваа област, се согласуваат дека само по првиот модул во голема мера ја зголемиле ефикасноста на својата работа и дека траењето на разговорите потребни за доаѓање до целта го намалиле најмалку на половина.

Програма на тренингот

Тренингот е поделен во 4 четиридневни модули и секој модул  е насочен на една фаза на развојот на  коучинг проектот.

МОДУЛ  I  – Испирација

Дали некогаш сте сакале да му помогнете на соговорникот да биде мотивиран за работа на некој проект? Целта на овој модул е да им ја даде на учесниците неопходната теорија и пракса, како би биле во можност да спроведат комплетна коучинг сесија и да ги инспирираат луѓето за акција неоходна за успех. Првиот модул ја обработува основната структура на коучинг сесијата, како и принципите на коучингот насочен кон решение. Овој модул може да се заврши како самостоен тренинг.

МОДУЛ  II  – Имплементација

Фокусот на вториот модул е на имплементација и развој на коучинг вештините. Овој модул ќе ви даде нов пристап кон стратегиите за планирање, извршување и организација на времето. На овој модул ќе ги научите различните начини на кои може да му помогнете на клиентот да ги најде своите одговори на прашањето: „Како можам да ја постигнам посакуваната цел?“

МОДУЛ  III –  Интеграција на вредности

Колку пати сте биле сведок кога во некој тим и покрај потполно проверениот план на акција и експерстки знаења, проектот почнал да стагнира и на крајот резултатот ќе биде далеку помал од најдобриот? Овој модул ви дава можност да научите методи за подигнување на свеста на клиентот за суштинските вредности. Ќе научите како да асистирате на клиентот да ги поврзе тие вредности со целите на кои работи.

МОДУЛ IV – Завршување и задоволство

Четвртиот модул е финален сегмент на ова едноставно и возбудливо патување и насочен е на креирање на план или имплементација на коучингот внатре во компанијата. Преку интеграција на стекнатото знаење учесниците доаѓаат во контакт со најрафинираните детали на коучингот насочени кон решение , на чие собирање и формулирање  д-р Мерилин Аткинсон ги посветила последните 30 години од своето истражувачко и практично работење.

Во што е суштината на Ериксоновиот тренинг?

  • Користи оригинална и проверена методологија на работа
  • Вклучува основно разбирање на нашиот невролошки систем. Имплементирани се најновитенаучни сознанија поврзани со процесите за зголемување на мотивацијата и посветеност на личната визија.
  • Активно ги вклучува учесниците и ги поддржува да креираат што повеќе лично искуство во текот на тренингот.
  • Платформата на работа вклучува вежби и усовршување на коучинг вештините надвор од самиот тренинг.
  • Учесниците на тренингот имаат на располагање онлајн платформа за поддршка на развојот во интеграцијата на стекнатите знаења и вештини.

На учесниците на тренингот, Ериксон Колеџ им нуди поддршка и по завршување на тренингот. Со пријавување на онлајн сервисот “Erickson HUB”, покрај снимките од предавањето и коучинг демонстрациите на д-р Мерилин Аткинсон, ќе имате пристап и кон следните материјали:

  • 3 видео презентации: Основи на бизнисот, продажба имаркетинг
  • 5 PDF водачи: Facebook, Twitter, LinkedIn, веб сајтот и блогот што ќе гонаправите
  • 1 опционен вебинар месечно на кој можете да добиете одговори на сите вашипрашања.

Оваа програма е достапна само за учесниците на тренингот „Уметноста и науката на коучингот“. Дури и учесниците кои одлучиле да го завршат само првиот модул од нашиот тренинг имаат можност да го користат овој сервис и пристап кон материјалите поврзани за првиот модул.

Златниот стандард на ICF (International Coach Federation) е ознака која гарантира дека одреден коучинг тренинг ги задоволува највисоките меѓународни коучинг стандарди. Тоа значи дека задоволува апсолутно и безнајмалку отстапување две групи на стандарди.

Златниот стандард на ICF (International Coach Federation) е ознака која гарантира дека одреден коучинг тренинг ги задоволува највисоките меѓународни коучинг стандарди. Тоа значи дека задоволува апсолутно и без најмалку отстапување две групи на стандарди:

  • ICF етички кодекс и професионални стандарди
  • Коучинг компетенции дефинирани од страна на ICF.

Распоред на одржување на модулите

Модул 1

o Датум и место на одржување – 20 до 23 Септември 2018 во Белград
o Цена на котизација е 750 евра
o Попуст за рана пријава е 10% (за пријавени учесници заклучно со 24.08.2018)
o Важна напомена: тренинг програмата се реализира на англиски јазик

Модул 2

o Датум и место на одржување – 01 до 04 Ноември 2018 во Белград
o Цена на котизација е 850 евра
o Попуст за рана пријава е 10% (за пријавени учесници заклучно со 24.08.2018)
o Важна напомена: тренинг програмата се реализира на англиски јазик

Модул 3

o Датум и место на одржување – 06 до 09 Декември 2018 во Белград
o Цена на котизација е 850 евра
o Попуст за рана пријава е 10% (за пријавени учесници заклучно со 24.08.2018)
o Важна напомена: тренинг програмата се реализира на англиски јазик

Модул 4

o Датум и место на одржување – 24 до 27 Јануари 2019 во Белград
o Цена на котизација е 850 евра
o Попуст за рана пријава е 10% (за пријавени учесници заклучно со 24.08.2018)
o Важна напомена: тренинг програмата се реализира на англиски јазик

 

За повеќе информации околу наведените програми и резервирање на Вашето место, обратете се на Сенсум тимот на телефон 02/3099 919 или на маил адресите info@sensum.mk и zorica.popovska@sensum.mk .

 

Претплати се за да ги добиваш најновите информации од Сенсум

Вашето име: *

Email адреса *

Согласност: *
Се согласувам да добивам известувања

Sharing is caring!

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Register

Create an Account
Create an Account Back to login/register
Skip to toolbar