Profile Photo

Не постои неуспех, само резултат

Не постои неуспех, само резултат!

Во пресрет на тренингот “NLP Practitioner” кој почнува во Октомври, продолжуваме со подготовките за голем исчекор во личниот развој. Затоа, за сите вас кои сакате да напредувате и да се развивате, подготвивме бесплатна НЛП работилница на тема: „Не постои неуспех, само резултат“ која ќе се одржи во конференциската сала во „Public Room“ (на ул.50 Дивизија 22, Скопје) во вторник на 25-ти септември во 17 часот.

Бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место!

 За повеќе информации исконтактирајте не на:
info@sensum.mk
или на телефонскиот број:
+389 70 551 133

Фантазираме. Сонуваме. Поставуваме цели. Акциски чекори. Вредно работиме на тоа.

И потоа следи неуспех. Можеби и повеќе неуспеси. Мотивацијата ни паѓа. Целта не ја реализираме.

 

Дали ви е позната оваа ситуација?

Често се случува да не го постигнеме она што го посакуваме. Причините се многубројни и често – индивидуални. Но, постои нешто што сите можеме да го направиме во вакви ситуации. Во прашање е начинот на кој ги дефинираме целите и како избираме да погледнеме на таа случка. Дали сакаме да ја видиме како неуспех или како РЕЗУЛТАТ?

Зошто резултат? Секогаш кога нешто ќе направиме, односно ќе почнеме да правиме, пробуваме нешто што дотогаш не сме го пробале, реализираме некои акциски чекори – УЧИМЕ. Од секоја ситуација, успешна или неуспешна, можеме да извлечеме некоја поука, да научиме нешто што дотогаш не сме го знаеле. Тоа може да биде ново искуство за работата, опкружувањето, луѓето околу нас, но и за нас самите.

 

Што можете да направите во иднина доколку не остварите некоја цел?

Дозволете си неколку минути, саат или неколку часа мир и запрашајте се – Што можеше подобро? Што научив од ова? Што треба да направам поинаку следниот пат?

Сетете се на својата цел и причина – Зошто тоа го сакате? Запрашајте се зошто воопшто сте тргнале во таа приказна и дали тоа ви е сеуште важно. Ако е важно, не ја менувајте целта, само сменете го начинот на кој ќе ја постигнете таа цел.

Нека не ве плашат препреките кои ви стојат на патот и не ги гледајте како неуспеси, туку како можности за учење. Фокусирајте се на позитивната страна. Што е добро? Што ќе биде подобро? Како ќе се чувствувам кога навистина ќе ја постигнам оваа цел?

Многубројни се примерите за успешни луѓе во она што го работат, а на кои им претходеле многу можности за учење и резултати кои ги прават да бидат она што се денес.

 

Доколку сакате да дознаете повеќе за НЛП методологијата која ја користат милиони луѓе ширум светот за секојдневно постигнување на успех, придружете ни се на бесплатната работилница која ќе се одржи на 25.09.2018 год во „Public Room“и на која ќе имате прилика да слушнете повеќе за НЛП, но и да научите конкретни алатки кои можете веднаш да ги примените.

 

Работилницата е бесплатна, се наплаќа само влез во „Public Room“ – 150 денари, во која што вредност е вклучена консумација

Агенда:

17:00 – 17:30 Регистрација на учесниците

17:30 – 19:00 Работилница на тема: „Не постои неуспех, само резултат“

 

Работилницата ќе ја води Зорица Поповска.

Личниот и професионален развој се домени на нејзината експертиза, страст и креација.

Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер,  Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси.

Како да се подготвите и да се пријавите?

Постојат два услови:

  • Бидете спремни да учите
  • Одвојте 2 часа за себе

Ако ги исполнувате наведените услови – пријавете се!

20/10/2019

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register