Profile Photo

Не мораш да бидеш идеален, биди задоволен!

Не мораш да бидеш идеален, биди задоволен!

Скрој го својот успех по своја мерка.
“NLP Practitioner” во Сенсум – нова генерација во октомври. Пријави се!

Тренингот “NLP Practitioner” е сертифицирана тренинг програма акредитирана од страна на меѓународната асоцијација International Association for Neuro-Linguistic Programming (IANLP), Швајцарија и International Association of NLP Institutes (IN-NLP), Германија.

Дали сакаш да ги надминеш препреките кои те спречуваат успешно да управуваш со компанијата, со тимот или со самиот себе?

НЛП е методологија која ти дава системски пристап на сопствениот развој, преку конструктивна комуникација со себе и опкружувањето. Со ваков пристап ќе успееш да ги отклониш идеите кои ги имаш за себе и своите способности и кои те ограничуваат, како и да направиш подлабок увид во сопствените потенцијали.

Генеративни решенија или решенија скроени по мерка?

Ние не применуваме готови решенија, ниту сме поборници на идејата дека постои едно, идеално и посакувано решение. Патот на личен развој е одлука, пристап и став. Тој бара посветеност, работа и примена на НЛП принципите, алатките и техниките кои ќе ги научиш на тренингот. Ваков метод на работа ќе ти овозможи да ги изостриш сетилата и да ја зголемиш свесноста за себе спознавање и спознавање на опкружувањето. На тој начин ќе дојдеш до сите аспекти на твојот живот – скроени баш по мерка.

 

Што ќе научиш на тренингот “NLP Practitioner”?

  • Ќе користиш јазични обрасци на професионални преговарачи кои ќе ти помогнат да оствариш успешна комуникација
  • Ќе успееш преку прашања да го водиш разговорот во посакувана насока
  • Ќе знаеш како правилно да поставиш цел и да определиш акциски чекори кои ти се неопходни за негово остварување
  • Ќе можеш во секој момент да се мотивираш, со што одлучно ќе чекориш кон целта
  • Ќе ги совладаш уверувањата кои те блокирале, ќе го промениш начинот на кој размислуваш, чувствуваш и се однесуваш – со цел: остварување на посакуваните резултати.
  • Ќе научиш како ефективно да го користиш вербалниот и невербалниот јазик за комуникација
  • Ќе ги совладаш стратегиите кои ќе ти помогнат во донесување на подобри одлуки, како и да ги ускладиш своите вредности, верувања и однесување.
  • Подлабоко ќе се запознаеш себеси, што ќе ти овозможи контрола врз сопственото однесување и врз сопствените реакции.
  • Ќе ги отфрлиш несаканите навики и чувства, а ќе покренеш нови обрасци на однесување и нов начин на размислување. Ќе ја видиш големата слика.
  • Ќе изградиш подобри и поквалитетни односи со луѓето од своето опкружување.
  • Ќе можеш да идентификуваш на кој начин твојот мозок раководи, ги чува и ги превзема информациите

 

Каде може да се применат НЛП алатките и техниките?

  • Менаџмент, лидерство, управување со компанија и сл.
  • Преговарање, продажба, управување со тимови итн.
  • При работа со луѓе, човечки ресурси – HR, социјална работа, воспитување, едукација итн.
  • Презентација, маркетинг, PR, неуромаркетинг, новинарство итн.
  • При работа со други луѓе, коучинг, советување и сл.
  • Спорт
  • Уметност

Сертификати

„International Association for NLP“ е водечка интернационална НЛП асоцијација која пропишува највисоки стандарди за изведување на НЛП тренинзи, усвоени од НЛП заедницата ширум светот. НЛП здруженијата и НЛП членовите акредитирани од  IANLP имаат гаранција дека нивните НЛП програми ги задоволуваат највисоките стандарди пропишани од страна на оваа асоцијација. НЛП Центар е член на оваа асоцијација и неговите НЛП програми се акредитирани од страна на IANLP асоцијацијата.
International Association of NLP Institutes (IN-NLP) е интернационална асоцијација, основана со цел – одржување на квалитетот на НЛП програмите, така што ги одредува критериумите за нивно изведување. НЛП здруженијата и НЛП членовите кои се акредитирани од страна на оваа асоцијација имаат гаранција за квалитетот на своите НЛП програми, со оглед на тоа дека ги изведуваат по пропишаните IN-NLP стандарди. НЛП Центарот, кој работи во рамки на интернационалната компанија Атрија груп, е член на оваа асоцијација и неговите НЛП програми се акредитирани од страна на IN-NLP асоцијацијата.

20/10/2019

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register