„НЛП – Алатка на успешните личности“

„НЛП – Алатка на успешните личности“

Колку пати сте посакале да бидете подобри во комуникацијата? Дали знаете што навистина сакате и зошто? Постојат ли некои навики кои сакате да ги смените за да бидете поуспешни?

Во пресрет на тренингот “NLP Practitioner” кој почнува на 13ти април, полека се подготвуваме за голем исчекор во личниот развој. Затоа, за сите вас кои сакате да напредувате и да се развивате, подготвивме попладневна НЛП тренинг-работилница „Вовед во НЛП – Алатка на успешните личности која ќе се одржи во конференциската сала во „Public Room“ (на ул.50 Дивизија 22, Скопје) во четврток на 21-ви март во 18 часот.

Бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место!

 За повеќе информации исконтактирајте не на:
info@sensum.mk
или на телефонскиот број:
+389 70 551 133

Нашиот мозок има огромни капацитети кои треба сами да ги разбудиме …

Се вели дека дури 80% од успехот во животот зависи од нашите комуникациски вештини.

Дури 57% од проектите пропаѓаат поради проблеми во комуникацијата.

Само 6% од луѓето поставуваат цели…

Бидете меѓу оние кои  навреме ги воочиле овие проблеми и почнале да работат на себе. Информирајте се за методологијата која не учи како да поставиме цели, како да го смениме однесувањето онака како што нам ни одговара и не насочува кон тоа да се разбереме себеси подобро, а и соговорникот – методологијата која ја користат милиони луѓе ширум светот за секојдневно постигнување успеси во работата, во односите со другите луѓе, со децата…

НЛП (Невро лингвистичко програмирање) е светски најпознат комуникациски модел. Настанал во 70-те години на минатиот век во Америка и изучува начини на самомотивација и постигнување цели, но и успех во комуникацијата со другите луѓе при што дава одлични резултати во процесот на развивање на сопствените потенцијали и вештини.

На оваа работилница, ќе посветиме внимание на следното:

  • Што е НЛП?
  • Каде се користи НЛП?
  • Кои се практични примери на примена на НЛП?
  • Каде вам НЛП може да ви помогне?

Токму НЛП ни дава можност да бидеме врвни во она што го правиме. Примена на НЛП алатките, кои ќе ги научите на работилницата, ќе ви помогне успешно да се носите во различни ситуации со кои се соочувате во рамки на улогите кои ги имате.

Ова интерактивно предавање ќе Ве запознае со техниките на највлијателните луѓе на денешницата, како врвните менаџери, лидери и високо продуктивни индивидуалци.

Доколку сакате да дознаете повеќе за НЛП методологијата која ја користат милиони луѓе ширум светот за секојдневно постигнување на успех, придружете ни се на бесплатната работилница која ќе се одржи на 21.03.2019 год во „Public Room“и на која ќе имате прилика да слушнете повеќе за НЛП, но и да научите конкретни алатки кои можете веднаш да ги примените.

Работилницата е бесплатна, се наплаќа само влез во „Public Room“ – 150 денари со вклучена консумација

 

Агенда:

18:00 – 18:15 Регистрација на учесниците

18:15 – 20:00 Работилница на тема: „Вовед во НЛП – Алатка на успешните личности

Уписите за новата генерација на  “NLP Practitioner” се во тек. За повеќе информации обратете се на горенаведените контакти, а ние со задоволство ќе одговориме на сите Ваши прашања.

На самата едукација “NLP Practitioner” во светот на НЛП – то ќе ве воведат НЛП Мастер Тренери на НЛП Центар, Атриа Гроуп СЕЕ Белград.

Работилницата ќе ја води Зорица Поповска.

Личниот и професионален развој се домени на нејзината експертиза, страст и креација.

Зорица Поповска е основач на Сенсум Тренинг и Коучинг. Таа е Магистер по менаџмент за човечки ресурси, Лиценциран обучувач за возрасни, Сертифициран NLP Тренер,  Сертифициран NLP Capital Coach, NLP Master Prаctitionar, Сертифициран коуч за зголемена продажба и раст на бизнисот, Коуч за тимови со високи перформанси (според методологија на Erickson Coaching International)

Како да се подготвите и да се пријавите?

Постојат два услови:

  • Бидете спремни да учите
  • Одвојте 2 часа за себе

Доколку ги исполнувате наведените услови – пријавете се!

No comments, be the first one to comment !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register