Kоучинг

Што е коучинг?

Коучингот претставува сосема нова димензија и автентичен резултатски ориентиран пристап кон решавање на дилемите и предизвиците на денешницата, која се фокусира на ИДНИНАТА и кон ИНДИВИДУАЛНИТЕ РЕШЕНИЈА. Се темели на фундаментот дека секој од нас поседува потенцијал самостојно да изнајде оптимални решенија кои се комплементарни со нашите потреби и приспособени кон нашиот сензибилитет.

СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО Е СТРУЧНО НАВЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ ПРЕКУ СПЕЦИФИЧЕН СЕТ НА СПЕЦИЈАЛНО СЕЛЕКТИРАНИ ТАРГЕТИРАНИ ПРАШАЊА ВО РАМКИ НА “TETЕ – A – TETЕ” СЕСИЈА.

Како процес е ориентиран кон резултатите (наместо кон проблемите), со што активно ви помага да останете надвор од сопствената проблематична рамка кон која природно се насочуваме кога се соочуваме со дилеми. Еднакво ефикасна за решавање на ЖИВОТНИ или БИЗНИС предизвици.

Која е ЦЕЛТА на КОУЧИНГ МЕТОДОЛОГИЈА?

ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИНТЕРЕН ПРОЦЕС КОЈ ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ГЕНЕРАТИВНА ПРОМЕНА КАЈ КЛИЕНТОТ
СО ЦЕЛ ПОМАГАЊЕ НА ЛУЃЕТО И ТИМОВИТЕ
ДА ПЕРФОРМИРААТ НА ВРВОТ НА НИВНИТЕ СПОСОБНОСТИ

ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ РАЗЛИКИ на коучинг методологијата споредбено со другите навидум слични методолигии:

КОНСАЛТИНГ – испорачува готови решенија кои можат да не бидат докрај апликабилни или приспособени на потребите на клиентот. Споредбено, КОУЧИНГОТ се темели на ИНДИВИДУАЛНИ РЕШЕНИЈА до кои клиентиот доаѓа САМОСТОЈНО, со што дополнително се влијае на ЛИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ за нивно спроведување.

ТЕРАПИЈА – методологијата се темели на проблемите и временски насочена кон минатото. Споредбено, КОУЧИНГОТ е изразито ориентиран кон РЕШЕНИЈА и временски ориентиран кон ИДНИНАТА.

Во светски рамки, коучингот прерасна во актуелна тема во бизнисот, се повеќе компании препознаваат значаен поврат на инвестицијата. Извршниот коучинг, коучингот за личната ефективност, коучингот во продажбата генерираат позитивни резултати.

Како резултат на коучингот можеме да имаме:

• Постигнување на врвни резултати (работа, спорт, учење…)
• Успешно завршување на проекти
• Проширување на сопствените капацитети
• Развивање на сопствена визија
• Постигнување на баланс
• Идентификување и активирање на скриените таленти
• Развој на личната мисија
• Развој на креативноста
• Дефинирање на вредности и приоритети

Коучингот може да ви помогне при:

• Состојби на блокада
• Стрес
• Животни и деловни кризи
• Намалена мотивација
• Проблеми при управување на тимовите, промените и сл.
• Ментални блокади
• Конфликтни ситуации

Коучингот е процес кој овозможува на индивидуалците и корпоративните клиенти да го достигнат нивниот полн потенцијал. Во рамки на бизнисот, коучингот е ефикасен процес за развој на вештините и способностите на вработените, како и за зголемување на перформансите. Помага и во справување со предизвиците и проблемите пред истите да прераснат во голем проблем.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register