Области на примена на НЛП

КАДЕ СЕ ПРИМЕНУВА НЛП?

 

Малку е неблагодарно да се сведе примената на НЛП на конкретни области, но постојат такви во кои веќе некое време се применува и дава одлични резултати. На самиот почеток НЛП како модел се развил и основна примена му била во психотерапијата. Со тек на време примената е проширена во спортот, образованието, во бизнисот и во личниот развој.

 

Многу од учесниците на НЛП тренинзите присуствувале за да ги подобрат своите вештини (продажни, преговарачки, презентациски вештини и сл.). Но, во текот на тренингот поголемиот број од учесниците откриваат дека НЛП е алатка која им помага на луѓето да научат како да воспостават подобар однос со партнерот, да ги надминат секојдневните стресни ситуации, како подобро да ги разберат своите деца и воопшто како да бидат подобра верзија на себе – како да се унапредат себеси во верзија 2.0.

Како комуникациски модел, НЛП е применлив во сите сегменти од животот. Им помага на луѓето во различни ситуации да ја препознаат сопствената цел и да направат стратегија за нејзино остварување.

Како модел за личен развој, НЛП ни помага да одржиме континуиран развој и напредок. Никој од нас не е најдобрата верзија од себе и секогаш има простор за мал напредок. НЛП не ни помага да бидеме совршени, туку за чекор да бидеме подобри во одмос на она што сме биле вчера.

ДЕЛОВНА ПРИМЕНА

НЛП дава одлични резултати при развој на вештини за јавен настап, управување со конфликти и комуникациски вештини во најширок опсег (продажба, преговарање…). НЛП може да поттикне развој на креативност и може да биде од голема корист при стратешки планирања, како и дефинирање на мисија, визија и вредности во компанијата. НЛП може да им помогне на вработените побрзо и поефикасно да се прилагодат на разни промени на кои се секојдневно изложени.

ЛИЧНО УСОВРШУВАЊЕ

Под лично усовршување се подразбираат сите обласи од животот кои не припаѓаат на деловниот и професионален живот. Тука спаѓаат семејниот живот, пријателските и љубовни релации, личните интереси, животниот баланс и сл. НЛП ни помага да ја подобриме асертивноста, самопочитта и флексибилноста. Многу е корисен при воспоставување подобри партнерски и семејни односи. Можеби и најважната област на примена е работата на поставување и реализација на цели и препознавање на оние работи кои ни се навистина важни во животот.

ПСИХОТЕРАПИЈА И ЗДРАВЈЕ

НЛП во почетокот се развивало како терапевтска метода која нашла голема примена во тогашните терапевтски стратегии. Познати се НЛП – техники за елиминација на фобии, пост – трауматски стрес, внатрешни конфликти, депресии и многу други пореметувања. НЛП има извонредно ефикасни стратегии за контрола на стресот, а со самото тоа и за одржување на добра здравствена состојба на организмот.

СПОРТ

Примената на НЛП во спортот не смее да се занемари. Има бројни примери за одлични спортски резултати, благодарение на НЛП – техниките. Она што се постигнува со НЛП е спортистите да имаат јасен и силен фокус, јасна визија, голема мотивација и добра концентрација – се постигнува состојба која е предуслов за врвен спортски резултат.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register