Животен коучинг

КОУЧИНГ
НЕНАМЕТЛИВА МЕТОДА НА АСИСТИРАЊЕ НА ВНАТРЕШНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ЛИЧНОСТA

КАКО?
СО ПОСТАВУВАЊЕ НА ВИСТИНСКИТЕ ПРАШАЊА КОИ ЌЕ ГО ОВОЗМОЖАТ ВАШЕТО ИНДИВИДУАЛНО СЕБЕСПОЗНАВАЊЕ

Животен коучинг

ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ:
Која е мојата животна мисија?
Дали се наоѓам на вистинскиот пат?
Кои се моите вистински интереси, за што се чувствувам страствено?
Како да станам најдобра верзија од себеси?
Како да перформирам на врвот на моите способности?

Љубопитноста околу овие и други суштински прашања е природна особина поврзанa со потребата од себеспознавање.

Од друга страна, нивната комплексност може на моменти да ни изгледа помалку застрашувачка, а предизвикот на потрагата делумно да ги блокира нашите сетила.

Реалноста е дека вистината околу овие и други суштински прашања лежи заспана во сите нас и чека да биде откриена.

Вистината е дека не постојат универзални одговори на овие прашања.
Ултимативната среќа е во покренување на процесот на лично истражување и трагање по нашата лична вистина.

Сите ние суштински копнееме по слободата за сопствено изразување и креација, како и во песната на Френк Синатра “My way”, за на крајот од нашето животно патување, без грижа на совест да си ги поставиме прашањата:

Дали успеав да ја изнајдам својата автентичност?

Дали ја живеев својата приказна? и крајно

Дали имав храброст да ги направам работите на МОЈ НАЧИН?

Комплексноста на процесот и можностите за негово ефективно потпомагање е суштински истражувана од страна на модерната наука.

Постојат разни алатки кои можат да Ви помогнат на овој пат, меѓутоа ниту една не е толку ефикасна како КОУЧИНГОТ.

Зошто КОУЧИНГ?

Ќе ви овозможи на поедноставен начин да ја осознаете својата смисла, своите интенции, да ја разбудите љубопитноста околу насоката и логичните идни чекори во своето патување.

 

Може да биде во било кој домен на личниот интерес (личниот развој, лидерството, мотивацијата да се донесат вистинските одлуки, храброста, посветеноста…).

 Станува збор за генеративна промена и помагање на луѓето да ги постигнат своите цели. Како процес е ориентиран кон резултатите, (наместо проблемите), високо ориентиран кон решенија, ги разрешува проблемите.

Претплатете се за да ги добивате најновите информации од Сенсум

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register