Оваа програма е поделена на три дела:

Времетраење

2 денa

Дел 1 - Цели (поставување, следење, евалуација)

Оваа програма е дизајнирана да ги унапреди вашите вештини за поставување на јасни цели, но и кај вработените да поттикне превземање на одговорност за остварување на истите. Во сржта на оваа програма е пристапот за развој на луѓето кој е насочен кон решенија. Моделите кои ги обработува тренингот му овозможува на секој менаџер кај вработените да развие мотивација, да ја унапреди способноста за јасно поставување цели, како и вештини за следење на резултатите кои водат до остварување на целите.

Придобивки од првиот дел на програмата

Дел 2 - Управување со проекти

Проектите без разлика на својот вид или форма (од грандиозни шеми до едноставни купопродажби) ги следат истите фази на развој. Првиот чекор кон добро управување со проекти е да знаеме како да донесеме одлука што ќе правиме, да поставиме задачи и рокови кои ќе им се презентираат на вработените кои ќе учествуваат во неговата реализација.

Доброто управување со проекти во себе обединува повеќе елементи и е начин да се извлече најдоброто од луѓето, но и од процесите.

Значи, знаеме што би требало да се постигне со добро управување со проекти, но како се прави тоа?!? Со вработените! Да се има добро осмислен план е фантастично, но тоа не гарантира одличен резултат – понекогаш луѓето го попречуваат патот. Проектниот менаџмент не се однесува само на тоа кој што прави и кога, туку како луѓето гледаат на проектот и како го разбрале. Поканете ги да учествуваат! Најважно е луѓето да се мотивирани, да се информирани сите тимови, но и да се добие повратна информација.

Придобивки од вториот дел на програмата

Дел 3 - Управување со конфликти

Речиси секоја компанија во светот има проблем со конфликт меѓу вработените или конфликт кој доаѓа однадвор и вработените треба да се справат со него. Вистина е и дека постојат компании во кои постојат конфликти. Можеби токму вашата компанија се соочува со предизвици како да ја поддржи здравата меѓусебна комуникација и да изгради платформа на доверба, разбирање и соработка. Клучот е да не останеме заглавени во аргумети и тензии кои го нарушуваат нормалниот тек на работа.

Не секој конфликт има решение кое е лесно за постигнување, но од наше искуство, на луѓето им е полесно воопшто да не влегуваат во конфликт, отколку да изнајдат решение. Нашата тренинг програма за управување со конфликти ќе им даде на вашите вработени употребливи, релевантни алатки за градење на доверба кои ќе им помогнат да се справат со конфликтите поефикасно.

Придобивки од третиот дел на програмата

Дел 1 - Цели (поставување, следење, евалуација)

Оваа програма е дизајнирана да ги унапреди вашите вештини за поставување на јасни цели, но и кај вработените да поттикне превземање на одговорност за остварување на истите. Во сржта на оваа програма е пристапот за развој на луѓето кој е насочен кон решенија. Моделите кои ги обработува тренингот му овозможува на секој менаџер кај вработените да развие мотивација, да ја унапреди способноста за јасно поставување цели, како и вештини за следење на резултатите кои водат до остварување на целите.

 

Цели на овој дел од тренинг програма:

Дел 2 - Управување со проекти

Проектите без разлика на својот вид или форма (од грандиозни шеми до едноставни купопродажби) ги следат истите фази на развој. Првиот чекор кон добро управување со проекти е да знаеме како да донесеме одлука што ќе правиме, да поставиме задачи и рокови кои ќе им се презентираат на вработените кои ќе учествуваат во неговата реализација.

Доброто управување со проекти во себе обединува повеќе елементи и е начин да се извлече најдоброто од луѓето, но и од процесите.

Значи, знаеме што би требало да се постигне со добро управување со проекти, но како се прави тоа?!?  Со вработените! Да се има добро осмислен план е фантастично, но тоа не гарантира одличен резултат – понекогаш луѓето го попречуваат патот. Проектниот менаџмент не се однесува само на тоа кој што прави и кога, туку како луѓето гледаат на проектот и како го разбрале. Поканете ги да учествуваат! Најважно е луѓето да се мотивирани, да се информирани сите тимови, но и да се добие повратна информација.

 

Цели на овој дел од тренинг програма:

Дел 3 - Управување со конфликти
Речиси секоја компанија во светот има проблем со конфликт меѓу вработените или конфликт кој доаѓа однадвор и вработените треба да се справат со него. Вистина е и дека постојат компании во кои постојат конфликти. Можеби токму вашата компанија се соочува со предизвици како да ја поддржи здравата меѓусебна комуникација и да изгради платформа на доверба, разбирање и соработка. Клучот е да не останеме заглавени во аргумети и тензии кои го нарушуваат нормалниот тек на работа. Не секој конфликт има решение кое е лесно за постигнување, но од наше искуство, на луѓето им е полесно воопшто да не влегуваат во конфликт, отколку да изнајдат решение. Нашата тренинг програма за управување со конфликти ќе им даде на вашите вработени употребливи, релевантни алатки за градење на доверба кои ќе им помогнат да се справат со конфликтите поефикасно. Цели на овој дел од тренинг програма: