Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

Клучни фактори за успех

  • 27 јануари 2022
  • 169 Views

ЕКИПАТА НА СЕНСУМ ПОДГОТВИ МАЛ ПОДАРОК СПЕЦИЈАЛНО ЗА ТЕБЕ !!!

Треба да одговориш на следните прашања.

Дали сакаш да научиш како:

➡️ Да се запознаеш себе си и да ги препознаеш своите јаки и слаби страни,
➡️ Да ги утврдиш своите реални потреби,
➡️ Да ги отфрлиш ограничувањата и уверувањата од опкружувањето,
➡️ Како од идеја и желба да стигнеш до реализација на своите цели,
➡️ Да ги дефинирш целите по своја мерка,
➡️ Како да ја дефинираш својата формула за успех?

Доколку твојот одговор, барем на едно од прашањата е ДА – пријави се за работилницата „Клучни фактори за успех“ која ќе се одржи во среда на 05 Септември

⬇️ За повеќе информации исконтактирајте не на: ⬇️
info@sensum.mk
или на телефонскиот број:
+389 70 551 133

Во пресрет на тренингот “NLP Practitioner” кој почнува во Октомври, полека се подготвуваме за голем исчекор во личниот развој. Затоа, за сите вас кои сакате да напредувате и да се развивате, подготвивме мало летно изненадување. Организираме НЛП работилница „Клучни фактори за успех“ која ќе се одржи во конференциската сала во Public Room (на ул.50 Дивизија 22, Скопје) во среда на 05. Септември.

Да стигнеш до целта, да оствариш успех е одлука и став кој го имаш кон животот. Но, што се случува кога не ги остваруваш своите цели туку целите кои се дефинирани под влијание на луѓе, ситуации и околности од опкружувањето? Запрашај се, чии цели реализираш?

„ Јас не сум продукт на околностите. Јас сум продукт на своите одлуки.“ Стивен Кови

Дали сакаш да научиш како да ги препознаеш сопствените потреби и во склад со нив да го скроиш својот успех по сопствена мерка? На оваа работилница ќе дознаеш кои се главните фактори со помош на кои ќе го креираш сопствениот пат кон успехот. Ќе научиш како правилно и јасно да ги дефинираш своите цели и акциски чекори кои се неопходни за нивна реализација, како и да му кажеш не на опкружувањето кое ти наметнува одредени норми.