Исклучително важна алатка за секој лидер кој се стреми кон подобрување на своите лидерски способности, постигнување на своите професионални цели и да го поттикне успехот на организацијата.

Извршни директори

Одговорни за поставување стратешки насоки, поттикнување на организациските перформанси и управување со севкупните операции на компанијата

Висок менаџмент

Одговорни за поставување стратешки насоки, поттикнување на организациските перформанси и управување со севкупните операции на компанијата

Менаџери на средно ниво

Одговорни за водење на тимови, спроведување иницијативи и обезбедување на непречено одвивање на секојдневните операции.

Идни лидери (организациски таленти)

Вработени со висок потенцијал кои покажуваат лидерски потенцијал и се подготвуваат за идни лидерски улоги во организацијата.

Претприемачи

Сопственици на бизниси, основачи и претприемачи кои водат сопствени потфати и бараат поддршка за зголемување на нивните бизниси, надминување на предизвиците и постигнување на целите за раст.

Професионалци во транзиција

Поединци кои преминуваат во нови лидерски улоги, индустрии или патеки во кариерата и бараат поддршка во навигацијата кон промените, градењето доверба и постигнувањето успех во нивните нови улоги.

Што треба да знаете за бизнис коучинг процесот?

Фази на проектот на executive (бизнис) коучинг може да изгледа вака:​

Mindset Maps во бизнис коучинг

„Mindset Maps“ коучинг алатката која е развиена од Роберт Дилтс (еден од клучните авторитети во НЛП сферата) вклучува креирање на мапи за визуелизација и анализа на различните аспекти на свесноста и однесувањето на една личност.

Дознајте повеќе за

Индивидуален Коучинг
Улогата на коучот е да се биде неутрален и објективен стратешки партнер на патот кон постигнување на договорените цели. 
Дознај повеќе
Лидерски Коучинг
Коучингот како лидерски пристап е особено корисен за негување на процесот на континуирано меѓусебно учење на работното место.
Read More
Тимски Коучинг
Тимскиот коучинг е исклучително популарна форма на коучинг методолошки пристап во корпоратривниот сегмент.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Executive (бизнис) коучингот претставува најсоодветната развојна алатка во следните деловни ситуации:

  • Усогласување на индивидуалниот развој на поединците со организациските цели и промени
  • Поддршка за развојот на корпоративни лидери
  • Поддршка во остварувањето на одредени деловни или развојни цели, тимови и поединци
  • Поддршка на развојот на организациите и тимови.

Довербата е основната вредност на квалитетниот однос во рамки на коучинг процесот. Сите коучинг разговори остануваат во рамки на конфиденцијален однос помеѓу поединецот и коучот што овозможува градење на вистинско партнерство кое служи како поддршка на патот кон остварување на целите на клиентот.

Фази на проектот на executive (бизнис) коучинг може да изгледа вака:

  • Почетен информативен разговор (Нулта сесија) – Целта на разговорите (во присуство на менаџер или лице од човечки ресурси) е прецизно дефинирање на области на работа, критериуми за мерење на резултатите, како и да се утврди постоењето на емоционална согласност на клиентот за работа кон остварување на поставената цел.
  • Евалуација на моменталниот начин на размислување – Мајндсет мапа (појаснување во продолжение) како катализатор за проме ните.
  • Коучинг сесии – времетраење на коучинг проектот, како и должината на поединечните коучинг сесии се определуваат во зависност од потребите на клиентот.
  • Дополнително време – Клиентот е добредојден да направи телефонски повик меѓу двете сесии дали нешто доаѓа, ако се најде пред голем предизвик или сака да сподели успех.

Бизнис коучинг процесот се заснова на пополнување на иницијален влезен прашалник (assessment) – “Mindset Maps” коучинг алатка и методолошки приттап, која е заснована на принципите на НЛП, а се користи во коучингот за истражување и промена на начинот на размислување на една личност.

Mindset Maps” коучинг алатката која е развиена од Роберт Дилтс (еден од клучните авторитети во НЛП сферата) вклучува креирање на мапи за визуелизација и анализа на различните аспекти на свесноста и однесувањето на една личност.

Таа визуелно ги претставува мислите, верувањата, вредностите, силните страни и аспирации на клиентот.

Оваа алатка може да се користи во рамки на коучинг процесот за да се постигнат следните цели:

  • Разбирање на верувањата и вредностите: Мапите на размислување помагаат да се идентификуваат и анализираат верувањата, вредностите и Mindset кои влијаат на однесувањето и навиките на клиентот.
  • Развој на стратегии: Врз основа на идентификувани верувања и вредности, пристапот базиран на “Mindset Maps” методологијата помага во развивањето на ефективни стратегии за постигнување цели и решавање на проблеми.
  • Промена на негативен Mindset: Mindset мапите им овозможуваат на клиентите да го препознаат негативниот Mindset и верувања, отворајќи го патот за нивно менување во поддржувачки и конструктивни.
  • Креирање акциони планови: Преку анализата на “Mindset Maps”, клиентот и тренерот можат да развијат конкретен акционен план за постигнување на поставените цели.