NLP MASTER
„NLP Master” е осумнаесет дневен тренинг, наменет за развој на вештини, во употребата на НЛП алатките на полето на личниот развој. Фокусот на овој тренинг е на симултана употреба на повеќе НЛП алатки во процесите на моделирање на извонредности. Преку системски пристап, тренингот ве води кон несвесна компетенција во интеграцијата и развој на вештини и техники стекнати на тренингот „NLP Practitioner”. Знаењата и вештините, стекнати на овој тренинг, можете да ги искористите за зајакнување на деловни капацитети, за збогатување на вашето портфолио на менаџерски вештини, како и за личен развој.

Што учиме на тренингот „NLP Master”
На тренингот ќе научите како да го развиете сопствениот и потенцијалот на луѓето со кои работите, но и како на системски начин да ја разбудите и зајакнете врската меѓу мислите, емоциите и физиологијата.
Напредните јазични обрасци, кои се обработуваат на овој тренинг, ќе ви овозможат потполно да ја развиете комуникациската флексибилност, ефикасно да ги инспирирате своите вработени и како да имате максимално влијание на соговорниците.
Модули
Организиран во 7 Модулиза најлесно да се пренесе знаењето
Дена
Вкупно 18-сет дена тренинг и вежби пред секој модул.
Часа
130-сет часа тренирање и вежби низ кои ќе донесете промена во вашиот личен и професионален живот
Содржина на тренингот
Модул 1 – Напреден метамодел
На првиот модул се обработуваат обрасци за напредни метамодели. На тренигот ќе научите како настанале метамоделите и ќе увежбувате јазични обрасци од Фрик Перлс (Fritz Perls).
На овој модул ќе посветиме внимание на Сатир категориите, моделите на промена која ги има развиено Вирџинија Сатир (Virginia Satir), а и ќе научите за основните слободи кои таа ги промовираше. Последната тема на овој модул е интеграција на тимот – една од најефективните НЛП – техники која служи да ги интегрираме спротивставените улоги во некои проекти (пр. улогата на родител може да биде во конфликт со улогата на работодавач кога станува збор за користење на годишен одмор).
Модул 2 – Напредни Милтон-обрасци
Вториот модул од тренингот се однесува на напредните јазични обрасци на Милтон Ериксон (Milton Erickson). На овој модул ќе научите нови обрасци на Милтон моделот и дополнително ќе ја усовршите примената на научените обрасци на тренингот „NLP Practitioner”. Темите кои се обработуваат на овој модул е примената на метафори со цел на извршување на влијание и примена на таканаречените „заплеткани врвки“. Покрај овие теми на вториот модул ќе научите НЛП техники како што се „ Six Step Reframing“, „The Swish“ и „ Патувањето на херојот“.
Модул 3 – Конверзациска промена
На третиот модул се занимаваме со природата на уверувањето и различните начини како да го доведете во прашање уверувањето на соговорникот. На овој модул ќе научите како уверувањето да го поврзете со фактите кои го поткрепуваат и како да ја доведете под знак прашање поврзаноста меѓу тие факти и уверувања. Техниките кои се применуваат на овој модул се „The Work“ и „DeKartov sistem“. Последната тема е поврзување на промената на однесување со вредностите, во служба на остварување на долгорочни промени.
Модул 4 – Моделирање
Четвртиот модул ја носи со себе приказната за моделирањето. На овој модул ќе научите како експлицитно и имплицитно да моделирате. Ќе научите за НЛП модели како што се : „TOTE“, „SCORE“, „NLN“ и други кои ќе ви помогнат успешно да го реализирате својот проект на моделирање.
Модул 5 – „Proces communication model“
На ниво на мајсторска примена на НЛП, важно е, тие вештини да ги поткрепите со дополнителни психолошки модели кои ќе ви овозможат подобро да ги разберете НЛП -техниките. За таа цел ќе имате можност да го научите PCM-моделот кој се занимава со структурата на личноста. Кај сите учесници ќе се направи првична проценка која ќе им даде јасна слика за личниот профил. На тренингот ќе научите како да ги препознаете различните типови на личности и како тоа да го искористите при моделирање, креирање на лична промена и како да направите поголемо влијание.
Модул 6- “Sleight of mouth”
Шестиот модул се однесува на јазичните обрасци. Овој сет на обрасци, развиени од Роберт Дилтц (Robert Dilts), заедо со Милтоновиот модел, се најверојатно најнапредните модели за вршење на конверзациско влијание. Владеењето на овој модел, ќе ви помогне да станете уверлив комуникатор, кој има одговор во секоја ситуација.
Модул 7 – Вредности
Последниот модул се занимава со вредностите. На овој модул ќе научите да извлечете вредности, да поставите нивна хиерархија и за секоја вредност да го препознаете критериумот. Овој модул обработува лични и деловни вредности, но и вредности во самата организација. Последните две НЛП техники кои се обработуваат на овој тренинг се „Интеграција на деловите“ и „Интегративен НЛП модел“

НЛП Центар е агенција за консалтинг и менаџмент основана во 2008 година, а од јуни 2011 година работи во рамките на Атриа групацијата. Основна дејност и фокус на НЛП центар се отворените, меѓународно акредитирани НЛП тренинзи. Нашиот фокус е примената на НЛп во личниот и професионален развој.

Сенсум Тренинг и Коучинг е едукативна и консултантска компанија со мисија да овозможи на своите клиенти најдобри можни решенија од областа на развој на лидерство, професионален и личен развој. Ние користиме врвна методологија за лични и професионални промени како би ги подржале клиентите во развојните активности и влијание на тие активности врз деловното работење. Преку партнерство со Атриа Гроуп СЕЕ на локалниот пазар носиме врвни интернационални лиценцирани програми за развој и консултанти.