Што е Коучинг?

Коучингот е персонализиран процес кој го катализира професионалниот и личниот развој на поединците, користејќи фокусирани сесии еден на еден за да се постигнат конкретни подобрувања во перформансите. Се заснова на идејата дека вистинските решенија не се даваат, туку се откриваат преку воден дијалог помеѓу тренерот и клиентот.

Што ви овозможува коучингот?

Коучингот е процес кој овозможува на индивидуалците и корпоративните клиенти да го постигнат нивниот полн потенцијал. Во рамки на бизнисот, коучингот е ефикасен процес за развој на вештините и способностите на вработените, како и за зголемување на перформансите

При кои деловни ситуации помага коучингот?

Коучингот претставува најсоодветната развојна алатка во следните деловни ситуации:

Каде може да ви помогне коучингот?

Коучингот може да ви помогне при:

Кои се придобивките од коучингот?

Како резултат на коучингот можеме да имаме:

Дознајте повеќе за

Индивидуален Коучинг
Улогата на коучот е да се биде неутрален и објективен стратешки партнер на патот кон постигнување на договорените цели. 
Дознај повеќе
Бизнис Коучинг
Исклучително важна алатка за секој лидер кој се стреми кон подобрување на своите лидерски способности.
Read More
Лидерски Коучинг
Коучингот како лидерски пристап е особено корисен за негување на процесот на континуирано меѓусебно учење на работното место.
Read More
Тимски Коучинг
Тимскиот коучинг е исклучително популарна форма на коучинг методолошки пристап во корпоратривниот сегмент.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Коучингот претставува сосема нова димензија и автентичен резултатски ориентиран пристап кон решавање на дилемите и предизвиците на денешницата, која се фокусира на ИДНИНАТА и кон ИНДИВИДУАЛНИТЕ РЕШЕНИЈА.

Секој резултат од коучингот е увид кој на клиентот му помага да го користи својот потенцијал и вештини

Што е коучинг?

Коучингот е персонализиран процес кој го катализира професионалниот и личниот развој на поединците, користејќи фокусирани сесии еден на еден за да се постигнат конкретни подобрувања во перформансите.

Се заснова на идејата дека вистинските решенија не се даваат, туку се откриваат преку воден дијалог помеѓу тренерот и клиентот.Се темели на фундаментот дека секоја индивидуа поседува инхерентен потенцијал самостојно да изнајде оптимални решенија кои се комплементарни со нивните индивидуални потреби и цели, на приватно и деловно поле.

Како процес е ориентиран кон резултатите (наместо кон проблемите), со што активно ви помага да останете надвор од сопствената проблематична рамка кон која природно се насочуваме кога се соочуваме со дилеми.

Коучингот претставува најсоодветната развојна алатка во следните деловни ситуации:

  • Усогласување на индивидуалниот развој на поединците со организациските цели и промени
  • Поддршка за развојот на корпоративни лидери
  • Поддршка во остварувањето на одредени деловни или развојни цели, тимови и поединци
  • Поддршка на развојот на организациите и тимови.

Коучингот е процес кој овозможува на индивидуалците и корпоративните клиенти да го постигнат нивниот полн потенцијал. Во рамки на бизнисот, коучингот е ефикасен процес за развој на вештините и способностите на вработените, како и за зголемување на перформансите. Помага и во справување со предизвиците и проблемите пред истите да прераснат во голем проблем.

Користејќи искуства од најновите истражувања на полето на невро-науката, когнитивна и бихејвиорална психологија, нашиот пристап е испреплетен со:

  • Пристапи засновани на силни страни: Влечејќи корени од позитивната психологија, нашиот методолошки пристап се базира на стратегиите фокусирани на решенија, отклучувајќи го инхерентниот потенцијал на лидерот.
  • Динамика на односите: Централно место во нашиот пристап е начинот на кој се развиваат коучинг разговорите. Приоритет ни е создавањето здрава средина базирана на меѓусебна доверба која ќе поттикне отвореност и потреба за индивидуални промени и конкретни чекори кои ќе го водат клиентот до неговата индивидуална цел.
  • Наративно истражување: Нашата коучинг методологија навлегува во наративите и повторливите обрасци што се појавуваат за време на дијалогот. Со подигање на свеста за овие приказни, ние нудиме можности за реинтерпретација и трансформација, дозволувајќи им на лидерите да ги креираат и живеат своите приказни на нови, поттикнувачки начини.
  • Холистичко истражување: Користејќи ги сознанијата за системската динамика , практикуваме сеопфатен пристап кој го испитува целиот пејзаж. Преку внимателно дизајнирани прашања, го истражуваме внатрешниот пејзаж на лидерите и коучинг клиентите, нивното однесување, нивната надворешна средина како и други суштествени фактори.

Бизнис (executive) коучинг процесот интегрира УНИКАТЕН КОУЧИНГ ПРИСТАП  базиран на супериорна интернационално акредитирана “MINDSET MAPS” методологија

“Mindset Maps” коучинг алатката која е развиена од Роберт Дилтс (еден од клучните авторитети во НЛП сферата) вклучува креирање на мапи за визуелизација и анализа на различните аспекти на свесноста и однесувањето на една личност. Таа визуелно ги претставува мислите, верувањата, вредностите, силните страни и аспирации на клиентот.

Оваа алатка може да се користи во рамки на executive (бизнис) коучинг процесот за да се постигнат следните цели:

  • Разбирање на верувањата и вредностите: Мапите на размислување помагаат да се идентификуваат и анализираат верувањата, вредностите и Mindset кои влијаат на однесувањето и навиките на клиентот.
  • Развој на стратегии: Врз основа на идентификувани верувања и вредности, пристапот базиран на “Mindset Maps” методологијата помага во развивањето на ефективни стратегии за постигнување цели и решавање на проблеми.
  • Промена на негативен Mindset: Mindset мапите им овозможуваат на клиентите да го препознаат негативниот Mindset и верувања, отворајќи го патот за нивно менување во поддржувачки и конструктивни.
  • Креирање акциони планови: Преку анализата на “Mindset Maps”, клиентот и тренерот можат да развијат конкретен акционен план за постигнување на поставените цели

Користењето на оваа алатка во коучингот им овозможува на клиентите да ја прошират својата самосвест, да ги разберат причините зад нивните постапки и мисли и да развијат стратегии за личен и професионален развој.

ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ РАЗЛИКИ

на коучинг методологијата споредбено со другите навидум слични методолигии:

  • КОНСАЛТИНГ – испорачува готови решенија кои можат да не бидат докрај апликабилни или приспособени на потребите на клиентот. Споредбено, КОУЧИНГОТ се темели на ИНДИВИДУАЛНИ РЕШЕНИЈА до кои клиентиот доаѓа САМОСТОЈНО, со што дополнително се влијае на ЛИЧНАТА ОДГОВОРНОСТ за нивно спроведување.
  • ТЕРАПИЈА – методологијата се темели на проблемите и временски насочена кон минатото. Споредбено, КОУЧИНГОТ е изразито ориентиран кон РЕШЕНИЈА и временски ориентиран кон ИДНИНАТА.

Во светски рамки, коучингот прерасна во актуелна тема во бизнисот, се повеќе компании препознаваат значаен поврат на инвестицијата. Извршниот коучинг, коучингот за личната ефективност, коучингот во продажбата генерираат позитивни резултати.

Како резултат на коучингот можеме да имаме:

  • Постигнување на врвни резултати (работа, спорт, учење…)
  • Успешно завршување на проекти
  • Проширување на сопствените капацитети
  • Развивање на сопствена визија
  • Постигнување на баланс
  • Идентификување и активирање на скриените таленти
  • Развој на личната мисија
  • Развој на креативноста
  • Дефинирање на вредности и приоритети

Коучингот може да ви помогне при:

  • Состојби на интелектуална блокада
  • Стрес
    Животни и деловни кризи
  • Намалена мотивација
  • Проблеми при управување на тимовите, промените и сл.
  • Ментални блокади
  • Конфликтни ситуации