Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

За Sensum​

За Sensum​

Кои сме ние?​

Sensum Training & Coaching е едукативна и консултантска компанија креирана со цел да овозможи најдобри можни решенија од областа на личен, професионален развој и развој на лидерство.

Нашата мисија е да им помагаме на поединците и организациите да ги подобрат своите животи и бизниси и да постигнат трајна промена, преку генеративни пристапи засновани на невронаука, NLP и коучинг методологија.

Зорица Поповска

Основач на Sensum и сертифициран NLP Мастер Тренер

Лидер во NLP обуки и коучинг програми за личен и професионален развој, Зорица Поповска е сертифициран NLP Master Trainer (NLP University), MindsetMaps International Coach и High Performance Team Coach, со повеќе од 15 години искуство во трансформација на луѓе и организации.

Под нејзиното водство, повеќе од 13 генерации NLP Practitioner и 3 генерации NLP Master Practitioner учесници успешно ја завршија меѓународно акредитирана NLP обука и постигнаа значајни резултати во своите кариери и животи.

Експерт за примена на сите нивоа на NLP

Зорица е автор на специјализирани програми кои интегрираат NLP во личниот живот и работната средина, помагајќи им на поединците, лидерите и тимовите да ја зголемат емоционалната интелигенција, комуникациските вештини и ефикасноста.

Менторирана од водечки светски имиња во NLP, Зорица развива уникатен стил кој комбинира практични NLP техники и коучинг методи ориентирани кон резултати.

Како NLP тренер, таа реализира курсеви и обуки кои водат до меѓународно признаената NLP сертификација, со фокус на применливи техники кои носат долгорочни резултати.

Kако дел од континуираниот развој на експертизата и програмите на Sensum, како и континуирано зголемување на стандардите во испораката, се стекнавме и со високо ниво на акредитација во престижната ANLP – Англиска Асоцијација за NLP.

ANLP важи за најреспектирана и најнезависна асоцијација за NLP во светот. Акредитациите што ги издаваат се меѓународно признаени и често се гледаат како „златен стандард“ во NLP обуки.

Резултати кои прават разлика

Нејзините програми за личен развој, развој на лидерство, развој на таленти, комуникација, продажба, преговарање и влијание носат значајни промени во личните достигнувања, но и организациската култура и перформансите на компаниите.

Таа е одличен познавач на коучинг процесот ориентиран на цели и резултати, активен придонесувач кон експанзијата на психологијата ориентирана на решенија.

Како специјалист за човечки ресурси, ги промовира методите ориентирани на решенија за различни видови на корпоративни ангажмани, правејќи ги алатките ефективни и лесни за лидерите и менаџерите.

Во 2025 Sensum станува ексклузивен регионален партнер на MindsetMaps® International

MindsetMaps® International е иновативен систем за личен и професионален развој кој ги поврзува невронауката, психологијата и коучингот.

Како единствен акредитиран регионален партнер на MindsetMaps International, Sensum ја спроведува MindsetMaps Coach Certification програма со цел да создаде нова генерација на коучеви и лидери кои водат со свесност, емпатија и хуманост.

Од корпоративно лидерство до инспиративен тренер

Пред да стане професионален тренер, Зорица развиваше успешна менаџерска кариера во водечка компанија за животно осигурување. Ова искуство ѝ овозможи длабоко разбирање на реалните предизвици со кои се соочуваат лидерите, што денес го претвора во ефективни решенија преку своите коучинг програми и NLP обуки.

Денес, преку Sensum, таа им помага на поединците и организациите да изградат јасна насока, стабилност и позитивна, трајна промена.

СТАНИ ЛИЧНОСТА КОЈА ОТСЕКОГАШ ПОСАКУВАШЕ ДА БИДЕШ!

Секој напредок тргнува од една одлука – да се започне.

Одбери ја Sensum програмата која ќе ти донесе поголема јасност,

самодоверба и лична или професионална трансформација.

Пополнувањето на контакт формата не те обврзува на програмата - само ни покажуваш интерес за да те контактираме со повеќе информации за содржината, распоредот и условите.