Заедно со клиентот се дефинираат области за работење, цели и критериуми за мерење резултати.

Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.
Разговарај со експерт
+389 23 099 919
Коучингот ти овозможува да станеш посвесен/на за сопствените сили и можности и да најдеш начини како да ги искористиш за да ги оствариш твоите лични цели. Улогата на коучот е да биде тука за тебе – неутрален, oбјективен поддржувач и посветен на твојот развој. Индивидуалниот коучинг е наменет за сите кои сакаат да го подигнат нивото на самодоверба, ефективност и благосостојба и имаат потреба од 1-на-1 поддршка.
Како се реализира коучингот
Заедно со клиентот се дефинираат области за работење, цели и критериуми за мерење резултати.
Проценка на комуникациски стил, начин на функционирање на клиентот.
Времетраењето на проектот и должината на сесиите се прилагодуваат според потребите на клиетот.
Kлиентот е добредојден телефонски да се консултира со коучот доколку се соочи со предизвик или сака да сподели успех.
Зорица Поповска – основач на Sensum и сертифициран NLP Master Trainer (NLP University) и ANLP (The Association for NLP Empowering NLP Professionals) акредитиран тренер. Со над 20 години искуство во коучинг, таа успешно ги води клиентите кон остварување на нивниот целосен потенцијал.
Закажи индивидуален коучинг и откриј како насоката и поддршката можат да ја променат твојата реалност.