Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

NLP во Sensum​

Личен раст по највисоки стандарди

NLP во Sensum​

Личен раст по највисоки стандарди

Што е NLP?

Невро-лингвистичкото програмирање (NLP) е моќен пристап за подобрување на комуникацијата, личниот развој и создавање позитивни промени во однесувањето.

Со комбинација на практични алатки и техники, NLP ти помага да ги разбереш сопствените мисли, емоции и навики и свесно да ги насочиш кон целите кои сакаш да ги постигнеш.

Во Sensum, NLP не е само теорија. Те водиме низ практичен систем кој ти овозможува:

  • Да ја подобриш комуникацијата со себеси и со другите

  • Да ја зголемиш личната јасност и самодоверба

  • Да постигнеш трајна, позитивна промена на бихејвиорално ниво

Како организација со највисоко ниво на членство во ANLP (Association for Neuro Linguistic Programming) најпрестижната асоцијација за NLP, работиме според глобални стандарди на квалитет.

Сите сертификати кои ги издаваме го носат печатот на ANLP, кој претставува гаранција дека знаењето што го добиваш е признаено и ценето на меѓународно ниво.

NLP Practitioner

NLP Master Practitioner

УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

Анета Велкоска
Анета Велкоска

„Придобивката од NLP e голема. Дали си ти тоа што моментално го живееш или дали си ти нешто друго што треба да го откриеш, што треба да го живееш, точно ќе го најдеш преку NLP. Да бидеш свој, да бидеш вистински, да бидеш разбран, и да го работиш тоа што го сакаш. Мислам дека правилниот избор е токму NLP.“

Кире Мирчовски
Кире Мирчовски

Музичар

„Станав многу посвесен за одредени работи и особено ефектот од NLP го почувствував кога пробав да влезам во чевлите на другиот и да разберам всушност колку многу поедноставно може да биде нашето меѓучовечко разбирање„

Дијана Рајчиноска
Дијана Рајчиноска

HR Менаџер

Во принцип ние го живееме животот и мислиме дека сите добро се знаеме, знаеме од каде доаѓаме, кои ни се вредности, кои ни се слаби и силни страни. Но кога ќе влезеш низ една ваква програма, сфаќаш дека ти си направен од многу различни слоеви, и всушност преку NLP навлегуваш во секој од тие слоеви и разбираш колку ти одиш длабоко и колку има тајни коишто човек може да ги истражува за себе. NLP e една моќна програма која помага во таа потрага.

Сара Вишњиќ Титова
Сара Вишњиќ Титова

Психолог – Образовен асистент

„На NLP треба да одиш ако сакаш раст и развој, ако сакаш да запознаеш една друга верзија од себе, ако сакаш да бидеш поблиску до одговорот на прашањето зошто си тука, на овој свет. Ако сакаш да го живееш животот активно, со радост“

Елена Мирчевска

Талент партнер/Регрутер

Единствено искуство! НЛП не е само уште еден курс за комуникација – НЛП е програма која е применлива во секој аспект од животот. НЛП техниките, кои започнавме да го практикуваме од 3тиот модул натаму, како магија ми овозможија надминување на многу предизвици како од професионалниот, така и од приватниот живот.

Сашо Мојсовски

Инженер

Оваа програма за мене беше едно убаво патување низ животот. Се спознав себеси во секој модул од програмата. Сите ги имаме потребните ресурси за подобар живот. Промените шти ги почуватвував (некои свесни, некои несвесни) беа клучни за мојот личен развој. NLP Practitioner заврши, патувањето трае 😊

Марина Михајловска

Директор за општи работи и човечки ресурси во КОЛА ДООЕЛ Скопје

Научив како да дојдам до ресурсите потребни за остварување на целите, научив како полесно да го разберам соговорникот, научив да ги разбирам другите подобро, односно да разберам дека мапата на реалност на сите е различна.

Ива Труфуноска

Менаџер на правен сектор

Преубаво искуство, NLP патување исполнето со многу убави моменти, откривање на нови работи, освестување на несвесното. Секој модул, нова можност за учење и себепронаоѓање. Вредна инвестиција во себе. Секој треба да има можност да го помине ова NLP патување.

Владимир Христоски

Регионален директор

Одлично патување со врвни предавачи кои на најдобар можен начин не издигнаа на едно повисоко ниво. НЛП стана наше секојденвие и продолжување посветено, одговорно и свесно кон нови предизвици.

Борис Пантев

Национален координатор за меѓународни пазари – Зегин Фарм ДОО

Работата со NLP ми помогна да ги поместам ограничувачките уверувања и да стекнам поголема самодоверба!!! Научив појасно да комуницирам, подобро да ги разбирам моите реакции и да донесам побрзи одлуки. Резултатите ги почувствував како во личниот, така и во професионалниот живот.

Драгана Нинеска

HR менаџер/Сопстевник на НЕТСВЕТ

Патот низ оваа програма ми донесе трансформација. Не бев свесна колку мојата секојдневна перцепција била ограничена од автоматски и несвесни навики. Мојот нов начин на живеење со целосна слобода. Резултатот од оваа програма не е само збир на комуникациски вештини, туку промена на моето живеење, која е конечно во хармонија со моите најдлабоки вредности.

Јасмина Павлоска

Економист

Овој вид на предвања овозможуваат да луѓето повеќе шират свест, да се запознаат себеси и сите скриени потенцијали се изразат. Постои подобар свет, свет на меѓусебно разбирање, хармонија, храброст.

Маријана Петрушевска

Менаџер за портфолио, комуникации и содржина

НЛП програмата ми даде алатки како да се справувам со емоциите и како да се заштитам од срес во секојдневниот професионален и приватен живот. Тука научив успешно да ги насочувам мислите во позитивна насока и во секоја ситуација да најдам позитивен аспект за мене. Оваа обука ги исполни и надмина моте очекувања.

Михаела Козар Бајалџиева

Сопственик/Генерален менаџер

Оживување на MOJO-то. Откривање на мојата смисла: Насока на креирање на додадена вредност кај моите блиски. Разликата што прави разлика. Самосвест. Личен развој. Артикулирање на мисла. Добра намера. Активно слушање. Стабилност. Душевен мир. Креативност. Лесно совладување препреки.

Стефанија Чорниј

Контролор

Научив дека: Сите чувства и позитивни и негативни се добредојдени. Тука се за мене, за да освестат дел од мене кој што е заспан, а сака да се разбуди. И Универзумот е тука за мене, не сум сама. Секогаш некој ќе се грижи за мојата благостостојба: Јас и светот! Секој ден е поинтересен од другиот. Си заминувам од тренингот секогаш среќна, ослободена, полна со надеж. Кога Бријана ќе кликне со рацете сите ресурси ми се тука на располагање. Колку е лесно да се сакаат луѓето!

СТАНИ ЛИЧНОСТА КОЈА ОТСЕКОГАШ ПОСАКУВАШЕ ДА БИДЕШ!

Секој напредок тргнува од една одлука – да се започне. Одбери ја Sensum програмата која ќе ти донесе поголема јасност, самодоверба и лична или професионална трансформација.

Пополнувањето на контакт формата не те обврзува на програмата - само ни покажуваш интерес за да те контактираме со повеќе информации за содржината, распоредот и условите.