За нас
Кои сме ние?
Sensum Training & Coaching е едукативна и консултантска компанија креирана со цел да овозможи најдобри можни решенија од областа на личен, професионален развој и развој на лидерство.
Нашата мисија е да им помагаме на поединците и организациите да ги подобрат своите животи и бизниси и да постигнат трајна промена, преку генеративни пристапи засновани на невронаука, NLP и коучинг методологија.
Запознај ја Зорица
Низ трансформативното патување на NLP во Sensum те води Зорица Поповска, сертифициран NLP Мастер Тренер (NLP University), член на ANLP и NLP Global Standards Association и основач на Sensum Training & Coaching. Таа е сертифициран MindsetMaps Coach, NLP Capital Coach, High Performance Team Coach (HPTC), Deep Coaching и Parent as a Coach – во Erickson Coaching International. Нејзиното искуство е стекнато под водство на меѓународно признати лидери и најрани развивачи и авторитети во NLP. Член на DILTS/ NLPU Академија на Тренери и Консултанти и нивен авторизиран корисник на стручната содржина за тренингот.
Зорица е автор на програми за развој во областа на лидерство, емоционална и ментална агилност, продажба и развивач на работилници за личен развој – кои интегрираат NLP методологија, универзални принципи и генеративен коучинг пристап ориентиран кон долгорочно одржливи решенија.
Експерт за примена на сите нивоа на NLP
Зорица е автор на специјализирани програми кои интегрираат NLP во личниот живот и работната средина, помагајќи им на поединците, лидерите и тимовите да ја зголемат емоционалната интелигенција, комуникациските вештини и ефикасноста.
Менторирана од водечки светски имиња во NLP, Зорица развива уникатен стил кој комбинира практични NLP техники и коучинг методи ориентирани кон резултати.
Како NLP тренер, таа реализира курсеви и обуки кои водат до меѓународно признаената NLP сертификација, со фокус на применливи техники кои носат долгорочни резултати.
Kако дел од континуираниот развој на експертизата и програмите на Sensum, како и континуирано зголемување на стандардите во испораката, се стекнавме и со високо ниво на акредитација во престижната ANLP – Англиска Асоцијација за NLP.
ANLP важи за најреспектирана и најнезависна асоцијација за NLP во светот. Акредитациите што ги издаваат се меѓународно признаени и често се гледаат како „златен стандард“ во NLP обуки.
Резултати кои прават разлика
Нејзините програми за личен развој, развој на лидерство, развој на таленти, комуникација, продажба, преговарање и влијание носат значајни промени во личните достигнувања, но и организациската култура и перформансите на компаниите.
Таа е одличен познавач на коучинг процесот ориентиран на цели и резултати, активен придонесувач кон експанзијата на психологијата ориентирана на решенија.
Како специјалист за човечки ресурси, ги промовира методите ориентирани на решенија за различни видови на корпоративни ангажмани, правејќи ги алатките ефективни и лесни за лидерите и менаџерите.
Во 2025 Sensum станува ексклузивен регионален партнер на MindsetMaps® International
MindsetMaps® International е иновативен систем за личен и професионален развој кој ги поврзува невронауката, психологијата и коучингот.
Како единствен акредитиран регионален партнер на MindsetMaps International, Sensum ја спроведува MindsetMaps Coach Certification програма со цел да создаде нова генерација на коучеви и лидери кои водат со свесност, емпатија и хуманост.
Од корпоративно лидерство до инспиративен тренер
Пред да стане професионален тренер, Зорица развиваше успешна менаџерска кариера во водечка компанија за животно осигурување. Ова искуство ѝ овозможи длабоко разбирање на реалните предизвици со кои се соочуваат лидерите, што денес го претвора во ефективни решенија преку своите коучинг програми и NLP обуки.
Денес, преку Sensum, таа им помага на поединците и организациите да изградат јасна насока, стабилност и позитивна, трајна промена.




