Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

NLP Master Practitioner

Напредна програма за личен развој и мајсторство во NLP

NLP Master Practitioner

Напредна програма за личен развој и мајсторство во NLP

5

+
Успешно обучени генерации NLP Master Practitioner

200

+
Учесници со стекнато мајсторско ниво во NLP

3

Глобални акредитации: NLP Global Standards, ANLP, NLP University (Санта Круз, Калифорнија)

Направи трајни промени, ослободи го својот целосен потенцијал и издигни ги своите NLP вештини на највисокото ниво преку престижната NLP програма во Македонија.

NLP Master Practitioner е напредна NLP обука која ги продлабочува и надградува знаењата од програмата NLP Practitioner, носејќи ги на повисоко, подлабоко и покомплексно ниво.

Програмата ќе те научи како да размислуваш за процесот на размислување, да делуваш генеративно, интуитивно и креативно, комбинирајќи повеќе техники за постигнување врвен, автентичен успех.

Оваа напредна NLP програма е идеална за:

Како се реализира програмата

  • Траење: XY месеци, модуларен формат

  • Методологија: Комбинација на напредни теоретски концепти, практични вежби, групна работа и индивидуален пристап

  • Материјали: Официјална содржина од NLP University

  • Сертификат: Меѓународно признаен NLP Master сертификат со печат на ANLP и NLP Global Standards

Запознај ја Зорица

Низ трансформативното патување на NLP во Sensum те води Зорица Поповска, сертифициран NLP Мастер Тренер (NLP University), член на ANLP и NLP Global Standards Association и основач на Sensum Training & Coaching. Таа е сертифициран MindsetMaps Coach, NLP Capital Coach, High Performance Team Coach (HPTC), Deep Coaching и Parent as a Coach – во Erickson Coaching International. Нејзиното искуство е стекнато под водство на меѓународно признати лидери и најрани развивачи и авторитети во NLP. Член на DILTS/ NLPU Академија на Тренери и Консултанти и нивен авторизиран корисник на стручната содржина за тренингот.

Зорица е автор на програми за развој во областа на лидерство, емоционална и ментална агилност, продажба и развивач на работилници за личен развој – кои интегрираат NLP методологија, универзални принципи и генеративен коучинг пристап ориентиран кон долгорочно одржливи решенија.

Што велат досегашните учесници

Дороти Пачкова
Дороти Пачкова

„Личното чувство околу достигнувањата постигнати на NLP Master Practitioner програмата на Sensum, ми се однесуваат на потврда за патот кој сум одбрала да го одам. А кога разгазува човек неразгазени патишта, скапоцена е ретката поддршка за продолжување по истиот тој пат. Благодарна сум за можноста да бидам дел од овој, според мене, универзален заговор за унапредување на човештвото.“

Ана Котевска
Ана Котевска

„Програмата за NLP Master Practitioner, исто како и за NLP Practitioner, беше едно неверојатно патување на самоспознавање, освестување на несвесното и ширење на перспективата. Целата програма се базира на многу вежби за саморефлексија и меѓусебна поддршка со останатите учесници, и искуствено учење со низа на вежби за примена на концептите. Временската распореденост на модулите овозможува простор за апсолвирање на новите сознанија и нивно постепено вградување во нашата свесност и практика. Овие две обуки се меѓу поубавите подароци што сум си ги дала себе си и сум си многу благодарна за тоа.“

Климентина Илијевски
Климентина Илијевски

„Непроценливо искуство што ми донесе промени во мојот приватен и во професионалниот живот. НЛП како пристап го внесувам и во програмите преку коишто се едуцираат социјални ментори во земјава и во регионот. Ресурсите се во нас, а НЛП само ги отповикува да ги ослободиме и да ги ставиме во наша служба. Годината кога поминував низ мастер програмата ќе ја паметам како година којашто ми донесе значајна позитивна трансформација. Го видов невидливото, го направив невозможното - возможно!“

Викторија Гаврилова
Викторија Гаврилова

„Моите очекувања од програмата не само што беа исполнети, туку и надминати. За мене NLP е уште едне програмски јазик, кој работи само на една, уникатна платформа, човечкиот ум. За време на програмата јас креирав и одржував промени во своите верувања и мисли, на моменти ги дебатирав своите стари и ограничувачки верувања и потоа ги аплицирав на себе, користејќи ги техниките на NLP. Техниките се целосно логички и затоа примената на NLP би можела соодветно да ја наречам upgrade на најдобра верзија на себеси.“

Што велат досегашните учесници

Јасмина Антиќ
Јасмина Антиќ

Менаџер за човечки ресурси

"NLP Practitioner" за мене беше патување кое не сакав да заврши. На ова патување запознав прекрасни луѓе, запознав и делови од себе за кои не бев свесна. Зорица беше одличен кормилар на ова патување. Знаеше точно кога да зголеми, а кога да намали брзина, да не наведе во посакуваниот правец за да можеме да ги видиме и допреме деловите од нас кои биле скриени „некаде таму далеку“

Кирил Величковски
Кирил Величковски

Директор за продажба

НЛП програмата е ефективна и на лесен и пријатен начин ти овозможува да го разбереш и ослободиш потенцијалот што го носиш во себе. Ретко која од досега поминатите едукации може да се спореди со НЛП програмата и методите со кои таа се изучува (уникатно искуство кое нема да те остави рамнодушен).

Марија Арсоска
Марија Арсоска

Маркетинг менаџер

“Промената почнува од тебе” е фраза која пред НЛП ми немаше смисла. “Мислам, како сега јас да се сменам, што има јас да се менувам, ама еве и да се сменам, да не ќе се смени и безвезнава околина во која сум?”Сега има разбирање на туѓите погледи кон светот, затоа што тие кријат цели животн и приказни. Посакувам свет со повеќе НЛП-иери. Животот веќе го делам на пред и после НЛП.

Марија Манева
Марија Манева

Тренер за дигитален маркетинг и бизнис вештини

НЛП е програма која ги рефлектира сите ваши квалитети и ви дава алатки и техники кои ќе ви помогнат сами да го идентификувате целиот ваш потенцијал, огромна сигурност и самодоверба. Многу сум задоволна и пресреќна што го одбрав Сенсум и Зорица Поповска, која како тренер ни го откри и предаде НЛП во неговата најсовршена и најавтентична суштина и форма.

Билјана Митева
Билјана Митева

Државен советник

НЛП не е само уште една обука која сме ја посетиле и која ќе ја запишеме во нашето CV. НЛП за мене претставува најмоќниот комуникациски модел кој не учи да излеземе од конфорната зона. Започнуваме да ги гледаме работите од друга, покреативна, перспектива која ни овозможува ширење на нашата мапа на реалност.

Марија Цветановска
Марија Цветановска

Правник

Со задоволство се навраќам постојано на повторување на техниките иако завршив со тренингот, НЛП е мојот начин на живот. Методологија што дефинитивно не освестува за тоа колку е важна работата на себеси и личниот развој. Светот ќе биде подобро место за живеење доколку се работи повеќе на себе!

Марија Сребренова Трендова
Марија Сребренова Трендова

Координатор за кредитен ризик

Тргнав со намера да ја отстранам тремата од јавен настап, а завршив со планови за иднината. Исклучително добро структуирана програма и одлична можност за развој на личноста, се радував на секој поминат викенд во пријатна атмосфера и прекрасно друштво

Катерина Јордановска Манева
Катерина Јордановска Манева

Координатор за маркетинг и ПР

НЛП е магично патување кое го започнав без очекувања, а го пропатував со сите сетила, обоено со многу визуелизација, пропратено со звуци и чуство на исполнетост. ега стојам на мојата временска линија во сегашноста после неверојатното НЛП искуство и....ЈАС СУМ ЈАС НИ ПОМАЛКУ НИ ПОВЕЌЕ!

Направи го следниот чекор кон мајсторство во NLP!

Пријави се сега и подигни ги своите вештини на највисокото ниво преку оваа меѓународно акредитирана напредна NLP програма.

Придобивки:

  • Мајсторство на напредни NLP алатки и техники

  • Развој на генеративно и креативно размислување

  • Работа на подлабоко ниво на вредности, верувања и идентитет

  • Подобрување на интуицијата и креативноста

  • Способност за влијание и трансформација на повеќе нивоа

Како изгледаат обуките

Ова е твојот момент да станеш NLP Master Practitioner!

Резервирај го своето место и започни патување кон мајсторство во личниот развој.

Пополнувањето на контакт формата не те обврзува на програмата - само ни покажуваш интерес за да те контактираме со повеќе информации за содржината, распоредот и условите.