Нашиот Тим
Зорица Поповска
Сертифициран НЛП Мастер Тренер (NLP University)
Низ годините, таа имаше извонредна можност да учи и да се развива под водство на меѓународно признати лидери и најрани развивачи и авторитети во НЛП. Менторирана од најдобрите, таа негува уникатен стил кој е препознаен кај клиентите и ја издвојува во нејзината област. Поседува огромно искуство во работа со лидерите од сите индустрии. Досега соработувала со повеќе реномирани компании.
Нејзината цел е да ги оспособи лидерите да го реализираат нивниот вистински потенцијал и правејќи го тоа да му овозможат на бизнисот на кој му припаѓаат да направи позитивна разлика.
Зорица исто така е автор на повеќе развојни програми кои вклучуваат апликација на НЛП и коучинг пристап во работната средина.
Таа реализира курсеви и обуки кои водат до меѓународно препознаената НЛП сертификација.
Интернационални сертификации: Сертифициран НЛП Мастер Тренер, MindsetMaps International Coach, NLP Capital Coach, High Performance Team Coach (HPTC), Deep Coaching и Parent as a Coach – во Erickson Coaching International. Членува во интернационалните ANLP, IANLP и NLP Global Standards Association.
Нејзиното досегашно искуство вклучува голем број на успешно реализирани програми и обуки од доменот на личен и професионален развој, развој на лидерство, развој на таленти, продажба, преговарање, влијание и голем број на реализирани индивидуални и бизнис коучинг сесии.
Таа е одличен познавач на коучинг процесот ориентиран на цели и резултати, активен придонесувач кон експанзијата на психологијата ориентирана на решенија. Како специјалист за човечки ресурси, таа ги промовира методите ориентирани на решенија за различни видови на корпоративни ангажмани, правејќи ги алатките ефективни и лесни за лидерите и менаџерите.
Пред да стане професионален тренер и коуч, таа има богата професионална кариера која опфаќа и повеќегодишно менаџерско искуство во водечка осигурителна компанија на пазарот за животно осигурување.
Досега има успешно реализирано и обучено 12 генерации NLP Practitioner и 3 генерации NLP Master Practitioner. Вреди да се напомене дека работно портфолио на Зорица како тренер е разновидно, има соработувано со компании од повеќе индустрии како ИТ, Осигурување, Банкарство и други. Ревулуционерна промена во своето работење направија бизнис гигантите Кола и Зегин ја интегрираа NLP Practitioner програмата за својот менаџерски тим.