Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

NLP & Leadership

Најбараната почетна NLP програма
за развој на лидери во компаниите

NLP Practitioner

Меѓународно сертифицирана NLP програма за лидерство, комуникација и организациски развој

Клучни придобивки

Нуди едноставни, но моќни NLP алатки за развој на лидерски вештини
Комбинира релевантна теорија со интензивна пракса и искуствено учење
Обезбедува поддршка за лидерите преку јасно структуриран и воден развоен процес, вежби и насочени активности
Го поттикнува личниот раст, но и подобрувањето на тимската и организациската ефективност

Секој човек е лидер – постојано влијае врз луѓето и настаните околу себе. Но, многу често лидерските квалитети остануваат неактивирани, „заспани“, чекајќи да бидат разбудени, насочени и развиени.

NLP & Leadership е нашата најбарана и стартна програма за компаниите – кратка, фокусирана и практична NLP обука, која претставува прва точка на влез во системски развој на лидерите. Таа создава јасна основа за лидерско размислување, однесување и култура, врз која понатаму може да се надградува долгорочен развоен процес.

За програмата

Оваа тродневна обука (3 x 1 ден) е резултат на обемни истражувања за лидерството, комбинирани со практични NLP вежби кои веднаш се применуваат во реален организациски контекст.

Програмата содржи:

Обуката е наменета за:

  • Лидери и менаџери

  • Тим лидери и проект менаџери

  • Професионалци со лидерски потенцијал

  • Тренери и фасилитатори

Не е потребно претходно познавање на NLP. Целата програма се темели на принципот:

„Секој човек мора да биде свој сопствен лидер.“
Laurens Van Der Post

Преку практичните вежби, учесниците ќе:

Структура на обуката: 3 клучни лидерски столба

Обуката опфаќа три меѓусебно поврзани програми, кои претставуваат одлична стартна позиција за развој на лидерски вештини и начин на размислување.

Нашата намера со оваа програма е таа да стане основа за долгорочен развој на лидерскиот потенцијал во вашата компанија.

Секоја програма трае еден ден и може да се реализира:
  • Kако самостојна обука

  • Kако целосен тридневен процес

Секоја е проследена со јасно дефинирани резултати, активности и практични вежби.

Фокусот е на:

  • Развој на лидерски потенцијал

  • Подобрување на тимската соработка

  • Надминување на конфликти

  • Градење тимски дух и култура на учење

  • Развивање емоционална интелигенција и флексибилност во размислувањето

Зошто да инвестирате во NLP & Leadership?

Затоа што ова е кратка, но високо ефективна инвестиција.

Затоа што лидерството и тимската работа се клучни за одржлив раст.

И затоа што времето вложено во оваа програма се враќа повеќекратно – преку поквалитетни лидери, поангажирани тимови и подобри резултати за вашата компанија.

Запознај ја Зорица

Зорица Поповска – основач на Sensum и сертифициран NLP Master Trainer (NLP University) и ANLP (The Association for NLP Empowering NLP Professionals) акредитиран тренер. Со над 20 години искуство во лидерство, организациски развој и трансформација на компании, таа успешно ги води учесниците низ процесот на професионален раст и напредок.

Време е да го подигнеш твоето работење на следно ниво!

Приклучи се на новата NLP Practitioner генерација и откриј како да станеш лидер кој создава промена.