Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

Корпоративен Коучинг

Професионален развој за лидери, тимови
и компании

Корпоративен Коучинг

Професионален развој за лидери, тимови и компании

Подобрување на лидерските и комуникациските вештини
Посилна усогласеност на тимовите и организациската култура
Зголемена ефективност, фокус и одговорност
Мерливи резултати според организациските цели

Корпоративниот коучинг е процес кој им помага на лидерите и тимовите да ја унапредат нивната ефикасност, комуникација и професионални вештини. Преку структуриран, објективен и фокусиран пристап, коучингот создава подлабока свесност, подобро донесување одлуки и поусогласени тимови.

Овој вид коучинг е наменет за компании кои сакаат:

Лидерски и Извршен Коучинг

Поддршка за менаџери, раководители и лидери кои носат стратешки одлуки

Лидерскиот коучинг им помага на менаџерите да создадат јасност, да градат доверба во тимовите и да донесуваат подобри одлуки дури и во нестабилни и предизвикувачки ситуации. Исклучително важна алатка за секој лидер кој се стреми кон подобрување на своите лидерски способности, постигнување на своите професионални цели и поттикнување на организациски успех.

Најчесто го избираат:

Како се реализира лидерскиот коучинг

01

Почетен информативен разговор

Дефинирање цели, KPI, очекувања и области за развој

02

Евалуација

Стил на лидерство, комуникација, предизвици и ресурси

03

Коучинг сесии

Прилагодени според темпото и потребите на лидерот

04

Континуирана поддршка

Кратки консултации помеѓу сесиите при критични ситуации

Развиј ги твоите лидерски способности, научи како до посилна комуникација, влијание, подобро управување со тимови. Одбери лидерски коучинг во Sensum!

Team Coaching (Тимски Коучинг)

Јакнење на тимската динамика, довербата и заедничките резултати

Тимскиот коучинг го подобрува начинот на кој членовите на тимот работат заедно – како комуницираат, решаваат проблеми, носат одлуки и создаваат резултати. Овој процес е идеален за тимови во раст, тимови во трансформација, новоформирани тимови или тимови кои се соочуваат со неефикасност, недоразбирања или загубена мотивација.

Како се реализира тимскиот коучинг

01

Дијагностика

Проценка на тимската динамика, култура, комуникациски стилови

02

Групни сесии

практични вежби, работа на конкретни ситуации, поставување цели

03

Индивидуални мини-сесии

Поддршка за клучни членови (по потреба)

04

Следење напредок

Мерливи параметри за подобрување на тимската ефикасност

Зајакни ја тимската динамика со подобрена комуникација и поефективна соработка. Закажи тимски коучинг во Sensum денес!

За Зорица Поповска

Зорица Поповска е основач на Sensum, сертифициран NLP Master Trainer (NLP University) и ANLP акредитиран тренер, со 20+ години искуство во корпоративен, лидерски и тимски коучинг. Таа работи со компании од различни индустрии, поддржувајќи лидери и тимови да го постигнат својот полн потенцијал со јасност, фокус и професионализам.

Зошто корпоративен коучинг?

  • Подобрена лидерска ефикасност – стабилност, фокус и подобро управување со тимови

  • Јасна комуникација и продуктивни односи

  • Поголема ангажираност и мотивација во тимовите

  • Подобро носење одлуки и управување со промени

  • Стратегиско користење на индивидуалните и тимските потенцијали

  • Култура на раст и континуирано учење

Поддржете ги вашите лидери и тимови со професионален коучинг кој носи реални деловни резултати

Контактирајте нè за да создадеме коучинг програма прилагодена на вашата организација.