Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

Корпоративни тренинг програми

Комуникација и решавање конфликти

Корпоративни тренинг програми

Комуникација и решавање конфликти

Ефективната комуникација е основа на сите односи – во тимот, со клиентите и во секојдневниот живот. Кога знаеме јасно да се изразиме, смирено да слушаме и да ги разбереме потребите на другата страна, секоја соработка станува полесна, а конфликтите се решаваат побрзо и поконструктивно.

Дводневната Sensum програма за комуникација и решавање конфликти, им помага на учесниците да развијат автентичен комуникациски стил, да ги препознаат сопствените обрасци и да стекнат практични алатки за подобро справување со тешки разговори, емоции и недоразбирања.

Тренингот комбинира NLP модели, активни вежби и сценарија од реалната работа за да создаде трајна промена во начинот на комуницирање.

Што опфаќа програмата

Времетраење

2 дена фокусиран и интерактивен тренинг

Придобивки од програмата

Оваа програма води до подобра, појасна и поефективна комуникација на сите нивоа во организацијата. Учесниците развиваат интерперсонални вештини кои им помагаат подобро да слушаат, да разбираат, да реагираат со смиреност и да градат посилни релации.

Тимовите стануваат покохезивни и поусогласени, продуктивноста расте, конфликтите се решаваат побрзо и со помал отпор, а вработените се чувствуваат слушнати, поддржани и разбрани.

Со подобрена комуникација, растат и лидерските способности. Менаџерите учат да даваат јасен фидбек, да поставуваат очекувања, да мотивираат и да делегираат на начин кој гради доверба и стабилност во тимот.

Крајниот резултат е поотворена, поинклузивна и поинспирирана организациска култура — култура во која дијалогот, почитта и соработката водат кон подобри резултати, подобри односи и повисока ефикасност.

Доколку сакате култура во која дијалогот, почитта и соработката водат кон подобри резултати, подобри односи и повисока ефикасност оваа програма е за Вас!