Оваа програма ги обединува трите најважни области за секој современ менаџер: поставување и следење цели, управување со проекти и справување со конфликти. Преку практични техники, модели и алатки, учесниците учат како да водат тимови поефективно, да создадат јасни очекувања и да изградат средина во која луѓето се мотивирани, информирани и усогласени околу заедничките резултати.
Првиот дел ги развива вештините за поставување квалитетни цели, поттикнување одговорност кај тимот и следење резултати на начин кој создава мотивација, а не притисок. Акцентот е на пристапот насочен кон решенија и на јасната комуникација меѓу менаџерот и вработените.
Клучни придобивки:
Поголема ефикасност во водењето на тимот
Алатки за прецизно поставување цели и јасна комуникација за очекувањата
Поттикнување одговорност и мотивираност кај тимот
Техники за следење резултати и давање конструктивен feedback
Препознавање и надминување бариери, приговори и предизвици во процесот
Дел 2 - Управување со проекти
Вториот дел ги објаснува фазите на секој проект – од идеја, до реализација. Фокусот е на тоа како менаџерот да ја организира работата, да комуницира со сите засегнати страни, да добие повратни информации и да ги вклучи вработените во процесот. Проектниот менаџмент не е само „кога и кој“, туку и како луѓето го разбираат проектот.
Клучни придобивки:
Јасна рамка за разбирање на суштината на секој проект
Вклучување, информирање и мотивирање на сите стејкхолдери
Подобра комуникација како алатка за управување
Практични техники за справување со добри и лоши текови во проектот
Лесно дефинирање резултати и водење проектот до успешен исход
Дел 3 - Управување со конфликти
Третиот дел се фокусира на тоа како да се препознаат, разберат и конструктивно решат конфликтите – без тензии, стагнација и нарушување на работниот процес. Учесниците добиваат употребливи алатки за градење доверба, подобро разбирање на динамиката на конфликтот и поефективно реагирање во реални ситуации.
Клучни придобивки:
Разбирање на концептот, видовите и последиците од конфликт
Перцепција на конфликтот како можност, а не закана
Јасни фази на развој на конфликтот и како да се водат
Ефикасни принципи и вештини за решавање конфликти
Подобро однесување и стабилност во конфликтни ситуации
Доколку сакате да изградите силни лидери кои водат цели тимови напред со елан и мотивација, оваа програма е вистинскиот почеток.