Интерните ментори играат клучна улога во развојот на талентите, пренесувањето знаење и создавањето стабилна организациска култура. Оваа програма е дизајнирана да им помогне на идните ментори да изградат јасност, структура и самодоверба во нивната менторска улога – со практични алатки кои веднаш може да се применат во работа.
Во рамки на тренингот, учесниците креираат свој Менторски сет на алатки, подготвуваат прашања, учат како да водат продуктивни состаноци, креираат менторски договор, креираат формулар за подготовка на состанок и развоен план за вработениот. Програмата ги опфаќа и најчестите предизвици во менторските релации и начини како ефективно да се надминат.
Примена на техники, совети и структури за ефективни менторски сесии
Препознавање и надминување на предизвиците и препреките во менторската релација
Времетраење
1 ден фокусиран и практичен тренинг
Програмата им помага на менторите да создадат јасна, поддржувачка и професионална релација, која води до подобри резултати, побрз развој и посилен чувство на припадност кај вработените.