
Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.
Разговарај со експерт
+389 23 099 919
Интерните ментори играат клучна улога во развојот на талентите, пренесувањето знаење и создавањето стабилна организациска култура. Оваа програма е дизајнирана да им помогне на идните ментори да изградат јасност, структура и самодоверба во нивната менторска улога – со практични алатки кои веднаш може да се применат во работа.
Во рамки на тренингот, учесниците креираат свој Менторски сет на алатки, подготвуваат прашања, учат како да водат продуктивни состаноци, креираат менторски договор, креираат формулар за подготовка на состанок и развоен план за вработениот. Програмата ги опфаќа и најчестите предизвици во менторските релации и начини како ефективно да се надминат.