
Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.
Разговарај со експерт
+389 23 099 919
Продажбата е моторната сила на секоја компанија – процес кој директно ја определува успешноста, стабилноста и растот. Поради тоа, развивањето силни продажни компетенции не е опција, туку потреба. Оваа програма им помага на менаџерите, претприемачите и сите кои работат во или со продажба да ги совладаат клучните техники, да преговараат поефективно и да изградат автентичен стил кој создава доверба и влијание.
Во рамки на тренингот се обработуваат сите круцијални елементи на продажниот процес — од подготовка и истражување, до презентација, справување со приговори и успешно затворање на продажбата. Програмата ги опфаќа и моделите на однесување што ја зголемуваат личната харизма и влијание, вештини кои можат да се научат и применат во секоја продажна ситуација.