Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

Корпоративни тренинг програми

Управување со време и стрес

Корпоративни тренинг програми

Управување со време и стрес

Оваа програма им дава на учесниците јасни перспективи, практични алатки и техники за подобро управување со времето и справување со стресот. Фокусот е на тоа како стресот влијае врз менталното здравје, продуктивноста и однесувањето, и како преку соодветни стратегии може да се постигне поголема стабилност, фокус и благосостојба.

Преку реални примери, практични вежби и модели за организација, учесниците учат како да го подобрат начинот на кој го користат времето, да го намалат негативниот товар од секојдневните дистрактори и да создадат работна навика која поддржува енергија, фокус и мотивација. Програмата ги обработува и клучните фактори кои предизвикуваат стрес, како да се препознаат, и како да се заменат со поадаптивни и поддржувачки стратегии.

Што опфаќа програмата

Времетраење

Придобивки од програмата

Учесниците развиваат поголема свесност за своите навики, создаваат поздрава работна средина и го зголемуваат ангажманот. Се подобрува начинот на кој го користат времето и ги приоритизираат задачите, што води кон поголема продуктивност, подобра благосостојба, повеќе креативност и подобро донесување одлуки. Ризикот од согорување се намалува, а расте и емоционалната интелигенција, што овозможува смирени реакции во стресни ситуации.

Доколку сакате култура во која оптимално се користи времето оваа програма е за вас!