Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

Емпатија кон себе: тајната состојка на вистинскиот раст

  • 27 January 2026
  • 685 Views
Зорица Поповска

Време за читање: 2 минути

Постои едно прашање што, ако си го поставуваме редовно и искрено, длабоко го менува начинот
на кој живееме, работиме и се развиваме. Прашањето е:

„Дали го правам најдоброто што можам, со ресурсите што ги имам во овој момент?“

Не служи за оправдување, туку за да можеме да се потрудиме на здрав начин.

Начинот на кој се однесуваме кон себе по неуспехот, а не за време на успехот, најмногу ја
одредува нашата долгорочна перформанса и резултати.

Неуспехот самиот по себе не е проблем, проблем е кога го генерализираме и дозволуваме да ни
ја дефинира вредноста или да ни влијае на следниот обид.

Во животот сите губиме, но вистинската разлика е во тоа дали неуспехот го користиме како
лекција или го носиме како товар што нè ограничува.

Тоа што ни се случило вчера, не треба да одредува кои сме денес.

Тоа е клучот на личната и професионална еластичност – способноста да се издвои искуството
од емоцијата.


Внатрешниот критичар и мозокот под стрес

Кога доживуваме загуба, срам или страв, емоционалниот мозок често го презема „возачкото седиште“.

И тогаш се појавува внатрешниот глас што вели:

„Не си доволно добар“, „Секогаш ќе ти се случува ова“.

Тој глас не е вистина.

Тој е научен – од детството, од средината, од моментите кога сме се чувствувале посрамени.

Прашањето не е дали тој глас ќе се појави, туку дали ќе му дозволиме да управува.


Како да се вратиме од емоцијата во логиката

Една едноставна, но моќна стратегија е свесно внесување на логиката назад во системот.

Кога доживуваме неуспех или стрес, можеме да си кажеме:


„Ова не е целата вистина. Јас сум способен/на и ќе се справам.
Утре ќе се обидам повторно.“

Многу врвни професионалци како д-р Стив Питерс (The Chimp Paradox) користат сличен
пристап – запишување логични, точни изјави спротивни на емоционалната реакција.

Тоа помага да се префрли контролата од лимбичкиот систем во префронталниот кортекс.

Неуспехот е само настан, не дефинира кој си.

Загубата е искуство, не крај.


Завршни мисли

Вистинскиот раст не доаѓа од избегнување на тешкотиите, туку од
свесниот избор да се соочиме.

Запомнете: не сте сами на овој пат.

Да се посветиме на овој пат – не совршено, туку
со храброст, со емпатија кон себе и со упорност.

Да се зајакнеме, заедно.

zorica.popovska@sensum.mk
sensum.mk