Зорица Поповска
17.03.2026
Време за читање: 2 минути
Разбирање на човечкиот потенцијал преку НЛП и моќта на перцепцијата
Го проучувам човечкиот потенцијал повеќе од 20 години и едно прашање ме води: „Зошто не сме секогаш извонредни?“
И покрај напредокот во психологијата, медицината и духовните учења, понекогаш се будиме полни со енергија и инспирација, а други денови дури и наједноставните работи ни изгледаат невозможни.
Еден едноставен одговор, кој често го забораваме, е дека нашите мисли ја создаваат нашата реалност. Филозофот Ludwig Wittgenstein вели:
„Човек ќе биде затворен во соба со врата која е отклучена и се отвора навнатре, се додека не му падне на памет да влече наместо да турка.“
Толку е едноставно, ама ние ретко ја гледаме таа врата. Таа врата е твојот ум – начинот на кој размислуваш, перцепираш и ја интерпретираш реалноста.
Како дете, често бев тажна без надворешни причини. Но сфатив нешто важно: само затоа што имам мисла во глава, не значи дека е вистина. Мислите се само мисли.
И со тоа ослободуваш голема сила – можеш да ја избереш својата перспектива.
Експеримент со перцепцијата
Пред да прочиташ понатаму, направи мал експеримент:
- Погледни околу себе и забележи сè што е зелено.
- Потоа затвори ги очите и забележи сè што е кафеаво.
Што видовте? Што барате – го наоѓате. Вашиот ум филтрира информации според тоа што е важно за вас во моментот.
Вашата реалност не е објективна – таа е создадена од вашиот ум.
Истото важи и за ситуации во животот: ако го гледате светот како непријателски или стресен, вашиот ум ќе најде докази за тоа. Ако гледате можности и убавина, ќе ги видите тие аспекти.
Нашиот ум го создава нашиот свет.
Ние не се плашиме од стварни нешта, се плашиме од мислите за нив. Фобиите, сомнежите, несигурноста – сите се само репрезентации во нашиот ум. Преку НЛП, учиме како да ги менуваме тие перцепции, како да ги редефинираме границите на она што ни е можно и како да создадеме ново искуство од истата реалност.
Сите веројатно го знаете примерот со илузијата на млада и стара жена. Истата слика може да се види на два различни начина – како млада или како стара жена. Сликата сама по себе не е ниту едното ниту другото – значењето го создава нашиот начин на гледање. Истото важи и за животот: искуствата не се добри или лоши по себе – тие стануваат такви според начинот на кој ги толкуваме.
Клучен увид
Сè што ќе доживееш во животот, убаво или болно – е резултат на тоа како го користиш својот ум. Ако разбереш дека твојот ум ја создава твојата реалност, повеќе не си жртва.
Ти стануваш автор на својот живот.
Затоа, следниот пат кога ќе почувствуваш страв, несигурност или фрустрација – запомни: вратата е отклучена и можеш да ја влечеш наместо да ја туркаш.
Да се зајакнеме, заедно.
