Време за читање: 2 минути

Пред да мислиме за другите, важно е да се запрашаме како комуницираме со себеси. Како се чувствуваме? Како ги толкуваме настаните? Како се гледаме себеси? Одговорите на овие прашања создаваат темел за секоја ефективна комуникација со другите.
Но, кога веќе зборуваме со другите, едно од првите правила е: слушај со присуство и внимание, фокусирај се на другата личност – бидете „Ти-центрирани“ во комуникацијата. Ставете се за момент во чевлите на другата личност.
Зошто? Бидејќи луѓето најмногу мислат на себеси, не на вас. Тоа не е лошо, тоа е човечко. Затоа, ако сакате да бидете разбрани, да мотивирате или да постигнете резултат, вашиот фокус мора да биде на слушателот.
Пред да зборувате, поставете си три прашања:
- Што сакам луѓето да знаат?
- Што сакам да почувствуваат?
- Што сакам да направат?
Не е доволно само да ги информирате луѓето – зборовите треба да будат емоции. Зошто? Бидејќи емоциите ги движат луѓето во акција. Можеби сакате да се чувствуваат мотивирано, предизвикано, исполнето со надеж или, во одредени ситуации, дури и разгневено. Но, без јасна цел за емоциите, акцијата никогаш нема да се случи. И, секако, ако не знаете што сакате да направат – нема да го направат.
Ова е особено важно во деловната комуникација и лидерството. Големите лидери не само што зборуваат – тие водат. Секој состанок, секоја порака, секој разговор е можност да ги водите луѓето кон посакуваниот резултат. Лидерот е пред сè, голем комуникатор.
Практична примена: три чекори за вашата следна комуникација
- Најважната порака: Што е најважното што сакате тимот да го знае овој период? Дали е признание, поддршка или нов проект?
- Ти-центрираност: Како можете да станете повеќе фокусирани на другата личност? Размислете како вашите зборови влијаат врз нив.
- Знаење, чувства и акција: Што сакате да знаат? Што сакате да чувствуваат? Што сакате да направат?
Кога го практикувате ова, ја зајакнувате и острите вашата комуникација.
И запомнете: повеќето од нас не се толку добри во комуникацијата колку што мислиме. Со свесна вежба и јасен фокус, секој може да стане лидер што зборува и води со зборовите.
Да се зајакнеме, заедно.
