Оваа програма е поделена на три дела:
Времетраење
2 денa

Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.
Разговарај со експерт
+389 23 099 919
Оваа програма е поделена на три дела:
2 денa
Оваа програма е дизајнирана да ги унапреди вашите вештини за поставување на јасни цели, но и кај вработените да поттикне превземање на одговорност за остварување на истите. Во сржта на оваа програма е пристапот за развој на луѓето кој е насочен кон решенија. Моделите кои ги обработува тренингот му овозможува на секој менаџер кај вработените да развие мотивација, да ја унапреди способноста за јасно поставување цели, како и вештини за следење на резултатите кои водат до остварување на целите.
Цели на овој дел од тренинг програма:
Проектите без разлика на својот вид или форма (од грандиозни шеми до едноставни купопродажби) ги следат истите фази на развој. Првиот чекор кон добро управување со проекти е да знаеме како да донесеме одлука што ќе правиме, да поставиме задачи и рокови кои ќе им се презентираат на вработените кои ќе учествуваат во неговата реализација.
Доброто управување со проекти во себе обединува повеќе елементи и е начин да се извлече најдоброто од луѓето, но и од процесите.
Значи, знаеме што би требало да се постигне со добро управување со проекти, но како се прави тоа?!? Со вработените! Да се има добро осмислен план е фантастично, но тоа не гарантира одличен резултат – понекогаш луѓето го попречуваат патот. Проектниот менаџмент не се однесува само на тоа кој што прави и кога, туку како луѓето гледаат на проектот и како го разбрале. Поканете ги да учествуваат! Најважно е луѓето да се мотивирани, да се информирани сите тимови, но и да се добие повратна информација.
Цели на овој дел од тренинг програма: