Зорица Поповска
28.02.2026
Време за читање: 2 минути
Практични насоки за млади и сите што се чувствуваат изгубено
Многу млади луѓе (и не само тие) денес се чувствуваат изгубени или без јасна насока во животот.
Се прашуваат: „Каде да одам? Што треба да правам?“
Првиот совет што можам да го дадам е: животот не е едноставен и линеарен. Не постои трик или хак за животот или брз пат до целта. Но, постојат знаци и насоки кои можат да ве водат.
Првата и најважна работа е да погледнете навнатре кон себе. Одржувајте свој курс, надвор од притисокот на околината, на социјалните медиуми и на тоа што другите мислат дека треба да правите.
Прашајте се:
Дали навистина го сакам ова?
Дали ова ме возбудува?
Дали чувствувам итност да најдам свој пат?
За мене, секогаш беше љубовта кон личниот развој и еволуцијата на луѓето.
За тебе, тоа може да биде пишување, музика, наука, технологија – нешто што те разгорува внатрешно, уште од детството. Погледнете назад како археолог – копајте низ спомените, низ вашите пасии и нешта што не ги сакате, за да откриете што навистина ве движи.
Следниот чекор е учење преку правење. Не размислувајте предолго – пробувајте, истражувајте, направете го првиот поткаст, започнете проект, земете курс. Само така мозокот учи, само така растете. Неуспесите и отпорот се вашите најголеми учители – тие создаваат сила, издржливост и вистинска вештина.
И на крајот, ако сте помлади, вашата енергија и внимание нека бидат насочени кон учење и развој на вистински вештини – не кон парите или репутацијата. Светот ќе ви се отвори ако развиете вистински вештини во вашите 20-ти. Вештините се вашето злато – тие ќе ве направат независни, креативни и способни да креирате свој пат. Ако научите и комбинирате две или три вештини што ве возбудуваат, светот ќе ве следи, а вие ќе ја најдете вашата насока.
Совет за крај:
Не чекајте да „паднете“ во 30-тите или 40-тите за да го почувствувате притисокот.
Почнете сега… истражувајте, учете, пробувајте, грешете, станувајте повторно.
Откријте ја вашата смисла и дозволете си авантурата да ве води.
Да се зајакнеме, заедно.
