Напредна програма за личен развој и мајсторство во NLP

5

+
NLP Master Генерации
Успешно обучени генерации NLP Master Practitioner

200

+
Сертифицирани учесници
Учесници со стекнато мајсторско ниво во NLP

3

Глобални акредитации:
NLP Global Standards, ANLP, NLP University (Санта Круз, Калифорнија)
Меѓународно признаен
NLP Master Practitioner сертификат

Направи трајни промени, ослободи го својот целосен потенцијал и издигни ги своите NLP вештини на највисокото ниво преку престижната NLP програма во Македонија.

NLP Master Practitioner е напредна NLP обука која ги продлабочува и надградува знаењата од програмата NLP Practitioner, носејќи ги на повисоко, подлабоко и покомплексно ниво.

Програмата ќе те научи како да размислуваш за процесот на размислување, да делуваш генеративно, интуитивно и креативно, комбинирајќи повеќе техники за постигнување врвен, автентичен успех.

Оваа напредна NLP програма е идеална за:

Како се реализира програмата

  • Траење:

    XY месеци, модуларен формат

  • Методологија:

    Комбинација на напредни теоретски концепти, практични вежби, групна работа и индивидуален пристап

  • Материјали:

    Официјална содржина од NLP University

  • Сертификат

    Меѓународно признаен NLP Master сертификат со печат на ANLP и NLP Global Standards

Запознај ја Зорица

Низ трансформативното патување на NLP во Sensum те води Зорица Поповска, сертифициран NLP Мастер Тренер (NLP University), член на ANLP и NLP Global Standards Association и основач на Sensum Training & Coaching. Таа е сертифициран MindsetMaps Coach, NLP Capital Coach, High Performance Team Coach (HPTC), Deep Coaching и Parent as a Coach – во Erickson Coaching International. Нејзиното искуство е стекнато под водство на меѓународно признати лидери и најрани развивачи и авторитети во NLP. Член на DILTS/ NLPU Академија на Тренери и Консултанти и нивен авторизиран корисник на стручната содржина за тренингот.

Зорица е автор на програми за развој во областа на лидерство, емоционална и ментална агилност, продажба и развивач на работилници за личен развој – кои интегрираат NLP методологија, универзални принципи и генеративен коучинг пристап ориентиран кон долгорочно одржливи решенија.

Што велат досегашните учесници

„Придобивката од NLP e голема. Дали си ти тоа што моментално го живееш или дали си ти нешто друго што треба да го откриеш, што треба да го живееш, точно ќе го најдеш преку NLP. Да бидеш свој, да бидеш вистински, да бидеш разбран, и да го работиш тоа што го сакаш. Мислам дека правилниот избор е токму NLP.“
Анета Велкоска
„Станав многу посвесен за одредени работи и особено ефектот од NLP го почувствував кога пробав да влезам во чевлите на другиот и да разберам всушност колку многу поедноставно може да биде нашето меѓучовечко разбирање„
Кире Мирчовски
„Во принцип ние го живееме животот и мислиме дека сите добро се знаеме, знаеме од каде доаѓаме, кои ни се вредности, кои ни се слаби и силни страни. Но кога ќе влезеш низ една ваква програма, сфаќаш дека ти си направен од многу различни слоеви, и всушност преку NLP навлегуваш во секој од тие слоеви и разбираш колку ти одиш длабоко и колку има тајни коишто човек може да ги истражува за себе. NLP e една моќна програма која помага во таа потрага.“
Дијана Рајчиноска
„На NLP треба да одиш ако сакаш раст и развој, ако сакаш да запознаеш една друга верзија од себе, ако сакаш да бидеш поблиску до одговорот на прашањето зошто си тука, на овој свет. Ако сакаш да го живееш животот активно, со радост“
Сара Вишњиќ Титова

Направи го следниот чекор кон мајсторство во NLP!

Пријави се сега и подигни ги своите вештини на највисокото ниво преку оваа меѓународно акредитирана напредна NLP програма.

Пополнувањето на контакт формата не те обврзува на програмата - само ни покажуваш интерес за да те контактираме со повеќе информации за содржината, распоредот и условите.

Придобивки:

  • Мајсторство на напредни NLP алатки и техники

  • Развој на генеративно и креативно размислување

  • Работа на подлабоко ниво на вредности, верувања и идентитет

  • Подобрување на интуицијата и креативноста

  • Способност за влијание и трансформација на повеќе нивоа

Галерија

Ова е твојот момент да станеш NLP Master Practitioner!

Резервирај го своето место и започни патување кон мајсторство во личниот развој.

Пополнувањето на контакт формата не те обврзува на програмата - само ни покажуваш интерес за да те контактираме со повеќе информации за содржината, распоредот и условите.