
Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.
Разговарај со експерт
+389 23 099 919
Не е важно само она што го правиме. Начинот на кој размислуваме е тоа што во голема мера ги обликува нашите резултати.
Со NLP програмата во Sensum ќе добиеш знаење и техники со кои ќе негуваш пристап на континуирано учење и размислување за раст.
Преку NLP програмата во Sensum ќе научиш моќни техники за создавање на трајни промени:








Новата генерација за NLP програмата во Sensum стартува во 2026!
NLP програмата во Sensum има докажан ефект врз подобрување на комуникацијата, ангажираноста и продуктивноста на работното место.
Преку NLP програмата во Sensum ќе добиеш вредни алатки кои ќе го подобрат твоето севкупно работење:




Оваа врвна развојна програма која учесниците ја препознаваат како своја клучна животна одлука, се спроведува преку авторизираната едукативна содржина и курикулум на NLP University од Санта Круз Калифорнија. Изградена е на принципите на најновата 3-та Генерација на NLP, најнапредниот нов код за трансформација и успех.
Низ трансформативното патување на NLP во Sensum те води Зорица Поповска, сертифициран NLP Мастер Тренер (NLP University), член на ANLP и NLP Global Standards Association и основач на Sensum Training & Coaching. Таа е сертифициран MindsetMaps Coach, NLP Capital Coach, High Performance Team Coach (HPTC), Deep Coaching и Parent as a Coach – во Erickson Coaching International. Нејзиното искуство е стекнато под водство на меѓународно признати лидери и најрани развивачи и авторитети во NLP. Член на DILTS/NLPU Академија на Тренери и Консултанти и нивен авторизиран корисник на стручната содржина за тренингот.
Зорица е автор на програми за развој во областа на лидерство, емоционална и ментална агилност, продажба и развивач на работилници за личен развој – кои интегрираат NLP методологија, универзални принципи и генеративен коучинг пристап ориентиран кон долгорочно одржливи решенија.
Kако дел од континуираниот развој на експертизата и програмите на Sensum, како и континуирано зголемување на стандардите во испораката, се стекнавме и со високо ниво на акредитација во престижната ANLP – Англиска Асоцијација за NLP.
ANLP важи за најпочитувана и најнезависна асоцијација за NLP во светот. Акредитациите што ги издаваат се меѓународно признаени и често се гледаат како „златен стандард“ во NLP обуки.
Покажи интерес за новата генерација на NLP програмата во Sensum и започни го своето трансформативно патување.
Невро-лингвистичко програмирање (NLP) е револуционерен, научно – базиран пристап, применета психологија која овозможува да управуваш со животните пресврти и предизвици со поголема мудрост и себе-прифаќање, повеќе избор, јасен поглед и отворен ум. NLP е моќна методологија која ти помага да ја постигнеш менталната и емоционалната агилност и резилиентност, потребна за да напредуваш низ животните предизвици.
NLP дава одговор „КАКО“.
Како го структурираме нашето внатрешно искуство и како малите промени во перцепцијата, јазикот и фокусот создаваат голема разлика во резултатите. NLP е наука за структурата на субјективното искуство – разликата што прави разлика.
За да се осигураш дека ќе ја донесеш вистинската одлука за твојот личен развој, те покануваме да го посетиш првиот модул – NLP Starter.
Преку првиот модул ќе можеш да согледаш како се одвива програмата, кој е стилот и насоката за содржина на тренинзите, па потоа да одлучиш дали ќе ја посетуваш целосната NLP Practitioner обука.
Пополнувањето на контакт формата не те обврзува на програмата - само ни покажуваш интерес за да те контактираме со повеќе информации за содржината, распоредот и условите.