Програма која го подигнува индивидуалниот и тимскиот продажен потенцијал
Примена на напредни NLP техники за влијание и затворање продажба
NLP & Sales Excellence Academy е програма специјално дизајнирана за професионалци и компании кои сакаат да го усовршат својот пристап во продажбата и преговарањето. Оваа обука ги обединува внатрешните фактори на успех (менталитет, мотивација, интерен дијалог) со надворешните стратегии и техники (комуникација, влијание, јазични модели, техники за затворање на продажбата).
Идеална е за:
Продажни тимови кои сакаат да постигнат конзистентни резултати
Менаџери и преговарачи кои носат клучни одлуки
Индивидуалци кои сакаат да станат мајстори на влијание и убедување
Како се реализира програмата
Времетраење: Хибриден модел во 10 чекори, низ неколку недели
Методологија: Kомбинација од интерактивни предавања, деловни симулации, студии на случај, практични вежби и NLP техники за продажба
Материјали: Pаботна тетратка со стратегии за влијание, техники за преговарање и продажни алатки
Следен чекор: Примена на методологијата во реални продажни ситуации и мерење на резултати
Начини на апликација и услови на плаќање
Пријава преку онлајн формулар
Корпоративни пакети за продажни тимови
Потврда на учество со уплата
Можност за плаќање на рати
Програмата е развиена од тимот на Sensum, врз основа на модели и методологии од Robert Dilts и водечките NLP практичари во светот. Нашите тренери се интернационално акредитирани со долгогодишно искуство во продажба, преговарање и деловен развој.
Запознај ја Зорица Поповска
Зорица Поповска – основач на Sensum и сертифициран NLP Master Trainer (NLP University) и ANLP (The Association for NLP Empowering NLP Professionals) акредитиран тренер. Со над 20 години искуство во лидерство, организациски развој и трансформација на компании, таа успешно ги води учесниците низ процесот на професионален раст и напредок.
Унапреди ги продажните вештини и развиј поефикасен продажен пристап!
Приклучи се на NLP & Sales Excellence Academy и научи техники кои носат мерливи продажни резултати