NLP Practitioner
Што треба да знаете за NLP Practitioner?
Од активно слушање и градење односи на доверба и соработка, па се до убедлива комуникација и решавање на конфликти, оваа програма ве опремува со алатките што ви се потребни за поефективна комуникација и постигнување подобри резултати.
Нашиот тренинг NLP Practitioner опфаќа 140 часа дизајнирани да ви го дадат најдоброто искуство за учење НЛП во средина каде што можете слободно да вежбате и да изградите доверба во технологијата на НЛП.
До сега се реализирани 12 генерации на NLP Practitioner во Сенсум а во тек е формирањето на 13-тата. Тренингот е дизајниран да ве научи на сите НЛП концепти и техники, и нивната примена во секојдневниот живот и работа.
Програмата е проследена со врвен материјал и вежби, искуствено учење за време и помеѓу модулите, како дополнителна поддршка на вашиот развој и менторска поддршка низ целото времетраење на програмата.
НЛП Придобивки
NLP Practitioner програмата има докажен ефект врз следните области:
-
Стапнување во сопствениот креативен потенцијал и “Зона на одличност”
-
Емоционална и Ментална агилност
-
Градење на високо квалитетни релации
-
Зголемена мотивација
-
Флексибилност
-
Системско размислување
-
Дефинирање на релевантни цели и визија
-
Ослободување од ограничувачките навики и верувања
Кои НЛП придобивки може да ги очекува една компанија?
-
Подобрување на ефективноста на лидерството
-
Поттикнување на деловниот успех
-
Подобрување на динамиката на тимот
-
Подобрување на комуникациски вештини на тимот
-
Поттикнување на соработка, доверба и синергија меѓу членовите на тимот
-
Подобрување на ефективност на продажбата
-
Подобрување на интерперсонална комуникација
Дел од НЛП Програмата
-
Идентификување на навики (свесни и несвесни), фундаментални стратегии и организациски способности кои луѓето ги користат за да го организираат своето искуство
-
Дефинирање на добро формирани резултати
-
Стратегии на учење, мотивација, донесување одлуки и креативност
-
Основни процедури за работа со репрезентативни системи и суб-модалитети
-
Техники на сидрење
-
Препознавање и користење на влијателни јазични обрасци
-
Препознавање и користење на физиолошките знаци и состојби
-
Воспоставуање на “Rapport” и креирање на релации на доверба
-
Постигнување и одржување на состојби на извонредност
Што ќе научиш?
"NLP Practitioner" за мене беше патување кое не сакав да заврши. На ова патување запознав прекрасни луѓе, запознав и делови од себе за кои не бев свесна. Зорица беше одличен кормилар на ова патување. Знаеше точно кога да зголеми, а кога да намали брзина, да не наведе во посакуваниот правец за да можеме да ги видиме и допреме деловите од нас кои биле скриени „некаде таму далеку“
Јасмина Антиќ
Менаџер за човечки ресурси
НЛП програмата е ефективна и на лесен и пријатен начин ти овозможува да го разбереш и ослободиш потенцијалот што го носиш во себе. Ретко која од досега поминатите едукации може да се спореди со НЛП програмата и методите со кои таа се изучува (уникатно искуство кое нема да те остави рамнодушен).
Кирил Величковски
Директор за продажба
“Промената почнува од тебе” е фраза која пред НЛП ми немаше смисла. “Мислам, како сега јас да се сменам, што има јас да се менувам, ама еве и да се сменам, да не ќе се смени и безвезнава околина во која сум?”Сега има разбирање на туѓите погледи кон светот, затоа што тие кријат цели животн и приказни. Посакувам свет со повеќе НЛП-иери. Животот веќе го делам на пред и после НЛП.
Марија Арсоска
Маркетинг менаџер
НЛП е програма која ги рефлектира сите ваши квалитети и ви дава алатки и техники кои ќе ви помогнат сами да го идентификувате целиот ваш потенцијал, огромна сигурност и самодоверба. Многу сум задоволна и пресреќна што го одбрав Сенсум и Зорица Поповска, која како тренер ни го откри и предаде НЛП во неговата најсовршена и најавтентична суштина и форма.
Марија Манева
Тренер за дигитален маркетинг и бизнис вештини
НЛП не е само уште една обука која сме ја посетиле и која ќе ја запишеме во нашето CV. НЛП за мене претставува најмоќниот комуникациски модел кој не учи да излеземе од конфорната зона. Започнуваме да ги гледаме работите од друга, покреативна, перспектива која ни овозможува ширење на нашата мапа на реалност.
Билјана Митева
Државен советник
Со задоволство се навраќам постојано на повторување на техниките иако завршив со тренингот, НЛП е мојот начин на живот. Методологија што дефинитивно не освестува за тоа колку е важна работата на себеси и личниот развој. Светот ќе биде подобро место за живеење доколку се работи повеќе на себе!
Марија Цветановска
Правник
Тргнав со намера да ја отстранам тремата од јавен настап, а завршив со планови за иднината. Исклучително добро структуирана програма и одлична можност за развој на личноста, се радував на секој поминат викенд во пријатна атмосфера и прекрасно друштво
Марија Сребренова Трендова
Координатор за кредитен ризик
НЛП е магично патување кое го започнав без очекувања, а го пропатував со сите сетила, обоено со многу визуелизација, пропратено со звуци и чуство на исполнетост. ега стојам на мојата временска линија во сегашноста после неверојатното НЛП искуство и....ЈАС СУМ ЈАС НИ ПОМАЛКУ НИ ПОВЕЌЕ!
Катерина Јордановска Манева
Координатор за маркетинг и ПР
Моите очекувања од програмата, не само што беа исполнети туку и надминати. За мене НЛП е уште еден програмски јазик, кој работи само на една, уникатна платформа, човечкиот ум.Техниките се целосно логички и затоа примената на НЛП би можела соодветно да ја наречам “upgrade” на најдобрата верзија од себеси.
Викторија Костовска
Софтверски инженер
Оваа тренинг програма има докажан ефект и врз следните области:
- Стапнување во сопствениот креативен потенцијал и “Зона на одличност”
- Емоционална и Ментална агилност
- Градење на високо квалитетни релации
- Зголемена мотивација
- Флексибилност
- Системско размислување
- Дефинирање на релевантни цели и визија
- Ослободување од ограничувачките навики и верувања
НЛП има исклучетелно моќна примена во делот на управување со организациски промени.
Без разлика дали спроведувате нова стратегија, го реструктуирате вашиот тим или сте подложени на спојување, можеме да ви помогнеме ефикасно да управувате со промените и да го минимизирате отпорот.
Водечките компании на глобално ниво ja користат токму НЛП методологијата за постигнување на следните позитивни ефекти:
- подобрување на ефективноста на лидерството,
- поттикнување на деловниот успех.
- подобрување на динамиката на тимот
- подобрување на комуникациски вештини на тимот
- поттикнување на соработка, доверба и синергија меѓу членовите на тимот
- подобрување на ефективност на продажбата
- подобрување на интерперсонална комуникација.
Програма
Тренингот “NLP Practitioner” е еден од најзначајните чекори на патот на вашиот личен развој. Ќе ви овозможи да научите како да ги интегрирате најефикасните алатки за:
- Идентификување на навики (свесни и несвесни), фундаментални стратегии и организациски способности кои луѓето ги користат за да го организираат своето искуство.
- Дефинирање на добро формирани резултати.
- Стратегии на учење, мотивација, донесување одлуки и креативност.
- Основни процедури за работа со репрезентативни системи и суб-модалитети.
- Техники на сидрење.
- Препознавање и користење на влијателни јазични обрасци.
- Препознавање и користење на физиолошките знаци и состојби.
- Воспоставуање на “Rapport” и креирање на релации на доверба.
- Постигнување и одржување на состојби на извонредност.
Невро-лингвистичкото програмирање е моќен пристап за комуникација, личен развој и промени во однесувањето. Оваа методологија вклучува практични алатки и техники за разбирање и влијание врз човечкото однесување. Фокусот на тренингот е на примената на НЛП принципите и алатките во реализирање на професионалните и лични цели, промена на бихејвиорално ниво и усовршување на комуникацијата со себеси и со другите.
НЛП е единствена методологија која има интегративен и холистички пристап, развивајќи ги сите видови на човечка интелегенција – когнитивната интелегенција, емоционалната, соматската, спиритуалната и системската интелегенција (поле). Тоа е значајно максимизирање на човечкиот потенцијал.