Во пресрет на тренингот “NLP Practitioner” кој почнува во Октомври, полека се подготвуваме за голем исчекор во личниот развој. Затоа, за сите вас кои сакате да напредувате и да се развивате, подготвивме попладневна НЛП тренинг-работилница „ Фокусирајте се на своите цели, реализирајте го она кон што тежнеете“ во конференциската сала во „Хотел Милениум“ – Битола (ул. Широк сокак бр.46, Битола) во понеделник на 24-ти септември во 18 часот. Котизација: 500 денари.
Бројот на места е ограничен. Резервирајте го своето место!
⬇ За повеќе информации исконтактирајте не на: ⬇
info@sensum.mk
или на телефонскиот број:
+389 70 551 133
,,Energy flow where attention goes,, – „Енергијата тече во правецот каде е насочено вашето внимание“ е позната реченица на еден од најпознатите светски НЛП тренери Том Бест. Концептот дека енергијата тече онаму каде е насочено нашето внимание значи дека е пожелно и мораме да се фокусираме на она што го сакаме, затоа што токму таму се акумулира нашата енергија и тоа расте.
За да го реализираме она кон што тежнееме треба да се фокусираме на нашите цели!
Прво треба да знаеме што сакаме, зошто тоа ни е потребно, како таа желба да ја дефинираме во цел и точно да знаеме каде таа цел ќе не однесе. Да се направи тоа треба да се има мудрост. Поставувањето на целите не е едноставно и затоа е потребна НЛП техника која ќе биде интервенција точно, прецизно и детално да ги дефинирате вашите цели. Ќе помогне да ја насочите својата енергија, детално да разгледате нови идеи кои ќе се појават одговарајќи на прашањето ,,А што ако е се можно,,?
Работилницата е фокусирана на вашите цели и ќе ви понуди НЛП алатки и техники да го откриете начинот на поставување на целите, а тоа ќе го направите во 3 часа интерактивна работа. Ќе имате можност да научите преку кои чекори исклучително успешните луѓе го правеле тоа .
На работилницата ќе научите и откриете:
➡ Што е тоа кон кое тежнеете, а можеби се чини невозможно
➡ Како правилно да ги дефинирате целите
➡ Што е цел, а што задача
➡ Кои ресурси ви се потребни
➡ Како ќе знаете дека сте на вистинскиот пат
Попладневната тренинг-работилница ќе ја реализираат Зорица Поповска и Билјана Галовска.