Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците.

Разговарај со експерт
+389 23 099 919

Специјализирани INHOUSE тренинг програми

Развој на свесни лидери и мотивирани тимови

Специјализирани INHOUSE тренинг програми

Развој на свесни лидери и мотивирани тимови

Во денешното динамично деловно опкружување, компаниите и организациите растат тогаш кога нивните луѓе растат.

Sensum нуди серија на корпоративни тренинг програми дизајнирани да ја подобрат комуникацијата, лидерството, продуктивноста и внатрешната организациска динамика. Тренинзите се адаптираат комплетно на индустријата, предизвиците, потребите и целите на компаниите и се спроведуваат преку практични алатки, современи методологии и докажани системи како NLP, MindsetMaps International и коучинг.

Трансформирај ја корпоративната култура во твојата компанија!

Клучни бројки и придобивки

01

20+ години искуство во лидерство, организациски развој и тренинг

02

Меѓународно акредитирани тренери (NLP University, ANLP, MindsetMaps International)

03

Тренинзи креирани според вашите потреби, тим и цели

Тренинг програми

1. Лидерство и менаџмент

Развој на современи лидерски вештини за менаџери кои водат со јасност, визија и интегритет. Фокус на: влијание, доверба, носење одлуки, тимска мотивација.

2. Комуникација и решавање конфликти

Подобра меѓусебна комуникација, конструктивно решавање на недоразбирања и градење на посилни професионални односи. Фокус на: активна комуникација, слушање, моделирање разговори, медијација.

3. Менаџер како Коуч

Тренинг кој ги учи менаџерите да развиваат луѓе, не само да менаџираат задачи. Фокус на: коучинг прашања, водство преку влијание, развојни планови, фидбек.

4. Менторство

Креирање силни интерни ментори кои ги пренесуваат организациските знаења и поттикнуваат внатрешен развој. Фокус на: менторски процеси, договори, следење напредок, поддршка на развој.

5. Продажба и Влијание (Sales Excellence)

NLP техники и напредни продажни стратегии кои водат до повисока ефективност и подобри резултати. Фокус на: влијание, јазични модели, затворање продажба, преговарање.

6. Преговарање

Методологии за успешно водење разговори и постигнување подобри договори без конфронтација. Фокус на: стратегии, рамификација, психологија на договори.

7. Менаџерски вештини

Пакет од клучни компетенции за секој менаџер: планирање, организирање, водење, мониторинг. Фокус на: цели, KPIs, ангажман, тимска динамика.

8. Управување со стрес

Методи за намалување на притисокот, подобрување на менталната благосостојба и создавање отпорни тимови. Фокус на: модели за саморегулација, енергетски менаџмент, превенција.

9. Управување со време и стрес

Комбиниран тренинг за продуктивност, приоритети и справување со стрес во интензивни деловни периоди Фокус на: фокус, планирање, поставување граници, алатки за ефективност.

10. Управување со промени

Поддршка на компании кои поминуваат низ трансформации, поставување јасна структура, ангажираност и одржливи стратегии. Фокус на: отпор кон промени, комуникација, вклученост на тимот, организациска култура.

Запознај ја Зорица Поповска

Корпоративните програми на Sensum ги води Зорица Поповска – основач на Sensum, MindsetMaps Coach & Affiliated Partner и сертифициран NLP Master Trainer (NLP University) и ANLP (The Association for NLP Empowering NLP Professionals) акредитиран тренер. Со над 20 години искуство во лидерство, организациски развој и трансформација на компании, таа успешно ги води учесниците низ процесот на професионален раст и напредок.

Како изгледаат обуките

Нашите тренинзи ги обликуваме според вашата организација.

Контактирајте нè за консултација во која заеднички ќе креираме решение комплетно приспособено на вашите потреби и цели.