За Сенсум

СЕНСУМ претставува едукативна развојна платформа која нуди широк спектар на тренинг програми и коучинг програми за личен и професионален развој со цел да се направат моќни лични трансформации на учесниците во повлијателни комуникатори, продавачи, преговарачи, да креираат самоуверени и ефикасни лидери и менаџери.

Сите ние располагаме со неограничен природен потенцијал, но тоа не значи дека истиот го користиме целосно.

Инспирирани од оваа идеја и поттикнати од визијата за дефинирање на сосема нови стандарди во рамки на неформалниот едукативен систем, го креиравме СЕНСУМ. кој е дизајниран да делува како инкубатор за поттикнување и развој на индивидуалниот потенцијал кај поединецот.

Зошто? За да помогнеме на патот на самостојно изнаоѓање оптимални индивидуални решенија кои се комплементарни со индивидуални желби, потреби и цели, на приватно и деловно поле.

Во Сенсум, начинот на размислување е основата на се што учиме, без оглед дали се стремите кон подобрување на вашиот бизнис или вашиот живот. Не станува збор само за кумулирање на повеќе знаење, туку на кој начин потсвесните верувања и вредности влијаат на користење на истотото тоа знаење. Најдобрите стратегии во светот нема да функционираат доколку не верувате, дека ги заслужувате резултатите кои тие стратегии ги генерираат. Со наша помош ќе откриете дека промената на начинот на размислување е магично апче. Ќе научите како да ги смените лимитирачките верувања и самонаметнати сомнежи.

СИТЕ ВАШИ ВИЗИИ И СОНИШТА ЗА СОПСТВЕНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
МОЖАТ ДА СТАНАТ РЕАЛНОСТ СО ВИСТИНСКО ВОДСТВО И ПОДРШКА.

Нашата понуда опфаќа широк спектар на тренинг програми и коучинг програми кои се дизајнирани да направат моќни лични трансформации на учесниците во повлијателни комуникатори, продавачи, преговарачи, да креираат самоуверени и ефикасни лидери и менаџери. Тренинзите се внимателно дизајнирани, со вградена НЛП (невро лингвистичко програмирање) методологија, збогатени со моќни техники а се со цел максимално зголемување на нивната ефикасност и импакт врз учесниците. Понудата на тренинг програмите е комбинирана со коучинг пристапот како најмоќна методологија за покренување на интерните процеси и ресурси и подобрување на перформансите на клиентот.

Внимателно дизајнираната понуда е збогатена и со лиценцирани програми во соработка со стратешкиот партнер Атриа Гроуп СЕЕ Белград кој е регионален застапник на програмите на Ериксон колеџ од Канада и НЛП Центар.

Ве покануваме да не посетите во нашиот деловен простор кој се наоѓа на улица: Прашка 56/1-2 во населба Тафталиџе (близу гимназијата Нова) каде во пријатен амбиент создаваме нови искуства потребни за да ја направиме посакуваната промена.

АКТИВИРАЈТЕ ја извонредноста која е веќе во вас, а ние ќе Ви помогнеме на тој пат!

 

ВЕРУВАМЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ Е ДА СЕ АКТИВИРА ВАШАТА ИЗВОНРЕДНОСТ. НИЕ СМЕ ТУКА ДА ПОМОГНЕМЕ.
ДАЛИ СЕ ОВА ВАШИТЕ ЦЕЛИ?

САКАМ ДА СТАНАМ КРЕАТОР НА СВОЈАТА ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА

САКАМ ДА ТРГНАМ НА ПАТОТ КОН КРЕИРАЊЕ НА МОЈАТА ИЗВОНРЕДНОСТ
ТОГАШ МОЖЕМЕ ВЕДНАШ ДА ЗАПОЧНЕМЕ СО НАШАТА СОРАБОТКА

Активирајте го вашиот потенцијал!

Секој од вас поседува внатрешен потенцијал самостојно да изнајде оптимални решенија кои се комплементарни со вашите индивидуални потреби и цели, на приватен и професионален план.

top
Сенсум© 2018. Сите права задржани.

Login

Create an Account Back to login/register