ИСТОРИЈАТА НА НЛП: ЧЕТИРИ РАЗВОЈНИ БРАНОВИ НА НЛП
1.“NLPure” е првиот бран, оригиналниот НЛП. Настанал во 1972 преку работата на Ричард Бендлер и Џон Гриндер, а главна тема била “Успех и ентузијазам“. Како следен чекор во оваа фаза Лесли Камерон-Бендлер, Џудите Џелозие и Роберт Дилтс продолжиле со развојот на НЛП методологијата. Исто така и Ентони Робинс развил своја варијација на мотивационен семинар низ целиот свет со многу големи групи на учесници.
2.“NLPt” е вториот бран кој подразбира примена на НЛП во психотерапијата. Тоа е зрелиот облик на НЛП кој се нарекува Невро лингвистичка психотерапија. Бранот NLPt започнува во 1989 год. На тема „Здравјето и уживањето во животот“, а со оваа област првенствено се занимавал Роберт Дилтс. Европската асоцијација за Невро лингвистичка психотерапија – ЕАНЛПт е основана во 1995 година.
3.“NLPeace” е третиот бран кој подразбира примена на НЛП во духовноста. Почнува во 1992 год со темата „Духовноста и значењето на животот“ , а со неа се занимавал Роберт ДИлтс. Во оваа фаза значаен допринос дале и Ричард Болстад и Конире Андреас. Во 2014 името NLPeace е и официјално користено од страна на Интернационалната Асоцијација на НЛП институти.
4.“NLPsy “(NLPsych) е четвртиот бран во кој започнуваат научните истражувања. Во својата зрела форма се нарекува Невро лингвистичка психологија. Започнува во 2006 год. со проектот „Истражување и признание“. Во 2012 год. Го добива називот NLPsy од страна на Интернационалната Асоцијација на НЛП институти. За NLPsy е неоходен најголем стандард на квалификација. NLPsy Master Trener мора да поседува академска титула од областа на психологијата. За ефективноста на NLPsy тренингот се прави научна проценка пред и после секој тренинг.